Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Одржана годишна конференција на Докторската школа на УКИМ

Одржана годишна конференција на Докторската школа на УКИМ

На 20.05.2014 година под покровителство на Проф. Д-р Владимир Петрушевски, проректор за  наука  на УКИМ, се одржа годишната конференција на Докторската школа на УКИМ во летниот семестар 2013/14. Своите трудови ги презентираа кандидатите:

  • м-р Наташа Паункоска,
  • м-р Горан Јакимовски од II семестар,
  • м-р Томислав Шуминоски,
  • м-р Валентин Раковиќ и
  • м-р Даниел Денковски од VI семестар.

На конференцијата присуствуваа раководителот на студиската програма ЕИТ, Проф. д-р Лилјана Гавриловска, и менторите на кандидатите.

Конференцијата помина во одлична атмосфера, имаше доста конструктивни прашања како од членовите на комисиите, така и од присутните, при што се дадоа дополнителни правци за понатамошните истражувања во областа на докторските дисертации од студентите на Докторската школа. Конференцијата се одржа во салата за конференции при ФЕИТ во периодот од 9:00 до 12:00 часот.