Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Одржан состанок со Здружението на енергетичарите на Македонија - ЗЕМАК

Одржан состанок со Здружението на енергетичарите на Македонија - ЗЕМАК

На 10.04.2014 година, претставници од организацискиот и програмскиот одбор на ЗЕМАК – Здружение на енергетичарите на Македонија, беа на работен состанок со Деканатот на ФЕИТ. На состанокот се дискутираше за следниот традиционален меѓународен симпозиум “ЕНЕРГЕТИКА 2014” во организација на ЗЕМАК, кој ќе се оддржи од 16 до 18 oктомври 2014 година во Струга. Дискусиите беа конструктивни и насочени кон подобрување на квалитетот на симпозиумот, зголемено учество на научните работници и студентите од ФЕИТ на симпозиумот, како и кон можностите за организирање тркалезна маса за остварување поблиска соработка помеѓу стопанството и академската јавност.

.