Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Одржан првиот свечен час за студентите од генерацијата 2013/2014

Одржан првиот свечен час за студентите од генерацијата 2013/2014

 

prv cas 3.jpg

На 16.09.2013 година во 11:00 часот, со првиот свечен час во амфитеатарот на ФЕИТ, и официјално започна студирањето на студентите од генерацијата 2013/2014. Новите студенти на ФЕИТ ги поздрави деканот на ФЕИТ , проф. д-р Миле Станковски, и во кусо обраќање ги охрабри за постигнување на успеси во студиите. Продеканот за настава, проф. д-р Христина Спасевска, на студентите им го претстави факултетското раководство и наставниот кадар кој предава во прва година и со кои директно ќе соработуваат уште од самиот почеток. На студентите им се обрати и д-р Игор Гиевски, член на Управниот одбор на ЕВН Македонија, кој како дипломиран електроинженер, кој и магистрирал и докторирал на ФЕИТ, им пренесе дел од своите искуства како студент.

_DSC0271.JPG

Претседателот на Студентскиот парламент на ФЕИТ, Анџело Лазаревски, ги запозна своите нови колеги со студентскиот живот на ФЕИТ. Тој им даде неколку корисни совети од своето досегашно искуство и ги информираше за можностите кои им се нудат како на студенти од ФЕИТ.

Деканот им честиташе на студентите кои добиле стипендии од Универзитетот и лично им ги додели индексите, по што студентите имаа можност да се запознаат со раководителите на институтите на кои се запишале и да ги посетат лабораториите на тие институти.

_DSC0272.JPG

 

Галерија