Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Нови стипендии и договор за меѓусебна соработка помеѓу ФЕИТ и Корпорацијата Amphenol

Нови стипендии и договор за меѓусебна соработка помеѓу ФЕИТ и Корпорацијата Amphenol

На Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје се одржа средба на деканот проф. д-р Миле Станковски и продеканот за финансии и соработка со стопанство проф. д-р Димитар Тaшковски со делегацијата на американската корпорација Amphenol предводена од Генералниот менаџер на групата за антени Господин Jeffrey J. Liu. Amphenol е лидер за производство на кабли и интерконекциски уреди кои се користат во автомобилската, железничката, авионската и воената индустрија, како и во мобилните телефони и компјутерите. Корпорацијата во почетокот на 2014 година влезе во македонското стопанство со отворење на  своја фабрика во Кочани, а во најава е нејзино проширување во земја со отворање на уште две нови фабрики.

На состанокот беа разгледани можностите за долгорочна соработка помеѓу ФЕИТ и Amphenol. Беше договорено да се потпише меморандум за разбирање. На наше особено задоволство беше договорено Amphenol да стипендира по два студента од прва година почнувајќи од оваа учебна година. Договорени се и други заеднички активности во правец на заедничка соработка на заеднички проекти.