Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Неделата на електромобилност означена и на ФЕИТ

Неделата на електромобилност означена и на ФЕИТ

1

Во рамките на Европската недела на мобилност, по иницијатива на „Електромобилност“, а во соработка со Град Скопје, Факултетот за електротехника и информациски технологии и Машинскиот факултет, на 19.09.2014 година (петок), на паркингот на ФЕИТ беше организиран настанот „Електричен полигон“, на кој учествуваа деца од две училиштата од општина Kарпош. Одржана беше едукативна сесија за електричните возила преку која младите се запознаа со трендовите во мобилноста и нивното значење за зачувување на животната средина.

На полигонот во кампусот на факултетот ученици и вработените имаа можност да се возат во електричните автомобили, мопеди и велосипеди, кои ги набави ЈП „Градски паркинг“ за туристички разглед на градот.

2

3

Електричниот полигон беше настан со кој се означи почетокот на неделата на електормобилност, а воедно значеше и најава за пречекот на електричното возило „Тесла“, модел С, кое што пристигна на кампусот на ФЕИТ во попладневните часови.

4

5

На 20.09.2014 година (сабота), електричното возило беше излoжено на плоштадот Македонија во Скопје, како дел од настанот „Тесла конвој 2014“, кој започна од Загреб, преку Белград и Ниш, минува низ Македонија, Kосово, Албанија и Црна Гора и се враќа во Загреб.