Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости NATO Information Day во Скопје

NATO Information Day во Скопје

20001.jpg

На 3 јуни во просториите на Домот на АРМ беше реализиран NATO Information Day на кој што присуствуваа претставници на NATO Science for Peace програмата, представници на владините министерства за меѓународни односи и одбрана и голем број професори од УКИМ и од Воената академија. Представниците на НАТО SPS програмата ја представија ова  програмска линија и разговараа за тековната соработка и можностите за нејзино продлабочување во различни домени. Беа представени неколку проекти од различни области кои се успечно реализирани и неколку кои се во тек. Овој настан, наречен NATO Information Days, предизвика голем интерес кај научно-истражувачката јавност во Република Македонија и истиот беше проследен со активно учество од страна на ФЕИТ – Скопје преку проф. д-р Лилјана Гавриловска која со својот истражувачки тим WiNGroup (http://wingroup.feit.ukim.edu.mk) има веќе успешно реализиран еден NATO финансиран проект (RIWCoS, 2007-2011) и работи тековно на друг NATO финансиран проект (ORCA, 2013-2015). Проф. Гавриловска одржа презентација за достигнатите резултати во RIWCoS проектот, за зацртаните цели во ORCA проектот, за набавената опрема преку NATO SfP програмата и за генералната поддршка која NATO ја дава за научно-истражувачките активности во Република Македонија.

20008.jpg

На 4 јуни беше организирана посета на неколку факултети на УКИМ (ФЕИТ, ТМФ и ИЗИИС) каде што има реализирано успешни проекти, со намера да се запознаат со резултатите и можностите кои реализираните проекти и набавената опрема ги отвараат за идни соработки и истражувања. Претставниците на NATO ја посетија и Лабораторијата за безжични мрежи при Центарот за безжични и мобилни комуникации на ФЕИТ, со која раководи проф. Гавриловска, и каде им беа демонстрирани опремата набавена од предходните проекти и истражувањата кои тековно се одвиваат. Притоа, беа поставени неколку тестни платформи на WiNGroup од кои дел се и меѓународно наградувани. Претставниците на NATO изразија големо задоволство од начинот на користење на NATO средствата добиени во предходните проекти за научни истражувања, градењето на екпертиза, тренирањето на научен подмладок и иницирањето на нови проекти и соработки.  Тие истовремено ветија севкупна понатамошна поддршка за развојот на науката на ФЕИТ преку нивната програма.

 

copy_of_photo3.JPG

Дополнително, претставниците на NATO се сретнаа со деканот на ФЕИТ и неколку професори и разговараа за можностите за финансирање на нови проекти и други форми на соработка и поддршка на научно-истражувачката работа ФЕИТ од страна на NATO. На состанокот се дискутираа тековни идеи, можни идни теми (ектромагнетизам, сигурност, нано комуникации) и беше даден силен поттик од страна на NATO за помасовно аплицирање во нивната програма за истражувања.