Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Настава во рамките на програмата за визитинг професори на Институтот за телекомуникации

Настава во рамките на програмата за визитинг професори на Институтот за телекомуникации

Во рамките на програмата за посета на визитинг професори од најпрестижните светски универзитети, Институтот за телекомуникации со огромно задоволство известува дека д-р Ада Гавриловска Хабл од Georgia Institute of  Technology, USA, одржа  јавно предавање на тема “SDN и NFV: технологии за омрежување на програмабилни податочни центри”. Предавањето беше посветено на организацијата на податочните центри на најголемите светски ICT компании како Facebook, Google итн. и даде преглед на технологиите кои обезбедуваат високо-перформансни комуникации во истите. Истовремено, д-р Гавриловска даде детален приказ на современите концепти за софтверски управувано омрежување и виртуелизација на мрежни функции кои се очекуваат да бидат главни двигатели во развојот на телекомуникациските и компјутерските мрежи во иднина. Предавањето предизвика голем интерес кај студентите и наставниот кадар на ФЕИТ и ФИНКИ и побуди плодни дискусии и анализи на можните истражувачки и апликативни насоки за работа во оваа пропулзивна област.

v_tk_1.png

Д-р Гавриловска Хабл одржа уште едно предавање пред студентите и постдипломците на Институтот за телекомуникации, во рамките на предметот Телекомуникациски мрежи и Напредни телекомуникациски мрежи посветено на проблемите на дизајнот и работата на мрежни интерфејси со големи битски брзини. И ова предавање кај студентите побуди голем интерес.

v_tk_3.png

v_tk_2.png