Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Наши студенти со прво место за најдобар бизнис план

Наши студенти со прво место за најдобар бизнис план

1

Проектот „Енергетски ефикасна куќа од слама“ на нашиот студентски тим „Економични вати“ победи на натпреварот за најдобар бизнис план од студенти.

Натпреварот го организираа ЕВН Македонија и Министерството за економија во склоп на платформата за енергетска ефикасност "eнергетска азбука".

Тимот „Економични вати“ го сочинуваа студентите од прва година на Факултетот за електротехника и информациски технологии - Андреј Станковски, Стефани Гелева, Стефан Аговски, Симона Николоска и Сандра Пецова.

Повеќе од 150 студенти од речиси сите високо-образовни институции во Македонија учествуваа во бизнис план натпреварот и беа групирани во 40 тимови. Секој од нив се натпреваруваа со својата инвентивност, иновативност и со знаење. Нашиот победнички тим освои прво место и 500 евра награда.

Секој тим, кој успеа да изработи бизнис план во предвидениот рок, го презентираше пред стручна комисија како финален критериум за евалуација на плановите. Промоцијата траеше три минути, а студентите користеа промотивен постер и одговараа на прашања на комисијата.