Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости На ФЕИТ успешно доделен проект од SCOPES програмата на Владата на Швајцарија

На ФЕИТ успешно доделен проект од SCOPES програмата на Владата на Швајцарија

dipsl.png

ФЕИТ ќе земе учество во проект од SCOPES програмата на Владата на Швајцарија во конзорциум со 3 други партнер институции: Истражувачкиот институт Идиап од Мартињи, Швајцарија, Институтот за телекомуникации и информатички медии при Универзитетот за технологија и економија во Будимпешта, Унгарија и Факултетот за технички науки при Универзитетот во Нови Сад, Србија. Проектот носи наслов „SCOPES Project on Speech Prosody“ и во негови рамки во следните две години ќе биде спроведено истражување и моделирање на прозодијата во говорниот јазик од аспект на унификација на прозодиските модели на паневропско ниво. Во овој проект од страната на ФЕИТ ќе земат учество д-р Зоран Ивановски како раководител и м-р Бранислав Геразов како истражувач, обата од Институтот за електроника при ФЕИТ. Во изведбата на зацртаните задачи ќе бидат вклучени и пар помлади колеги, а ќе бидат искористени дел од ресурсите кои се на располагање на DIP тимот.

SCOPES програмата е финансирана од Швајцарската национална научна фондација SNSF и Швајцарската агенција за развој и соработка SDC. Главната цел на програмата е поддршка развојот на научно-истражувачката соработка помеѓу Швајцарија и земјите од источна Европа. Добивањето на овој проект означува ќе придонесе за поширока меѓународна афирмација на ФЕИТ во европската научна заедница.