Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости На ФЕИТ се опремува лабораторија во која ќе се испитува храната што се увезува од странство

На ФЕИТ се опремува лабораторија во која ќе се испитува храната што се увезува од странство

kristinaspasevskaprodekan.jpg

На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) се опремува лабораторија во која ќе се испитува храната што се увезува од странство а е третирана со јонизирачко зрачење

Во лабораторијата ќе може со сигурност да се испита дали храната била третирана со јонизирачко зрачење. Таа ќе овозможи да се прави мониторинг на храната што се увезува, особено од земјите што имаат регистрирано објекти за третирање.

Повеќе...


elektronskisnop.jpg

Купувачот мора да знае дали јаде зрачена храна

Македонците не знаат дали јадат храна што е озрачена, т.е. третирана со јонизирачко зрачење. Иако звучи опасно, научниците велат дека станува збор за безбедна храна. За да не се третира со пестициди или со адитиви, како конзерванси, кои ќе ѝ го продолжат рокот, храната контролирано се зрачи, па така се прави вид на студена пастеризација или стерилизација. Светот, пак, определил потрошувачот да има информација што јаде и сам да избира дали ќе купи производи со адитиви, органски или третирани со јонизирачко зрачење, па затоа тоа мора да биде наведено на декларацијата или на амбалажата на храната. За да ја имаме вистинската информација дали јадеме озрачена храна наскоро производите од увоз ќе се проверуваат во лабораторија на Факултетот за електротехника и информациски технологии.

Повеќе...