Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Летна школа - мултимедиски технологии, „Креирај го својот аватар“

Летна школа - мултимедиски технологии, „Креирај го својот аватар“

Објавено на 7.9.2017 година

 

LSMT2017.jpg

 

Од 11.09 до 15.09 на ФЕИТ ќе се одржи летна школа - мултимедиски технологии, "Креирај го својот аватар".Во рамките на школата предавања ќе одржат професори од Факултетот и Универзитетот, како и специјалисти од индустријата од областа мултимедија.

Школата е отворена за сите заинтересирани, а за студентите на додипломските студии на ФЕИТ, со исполнување на предвидените норми за ангажираност, предвидена е можност да добијат 1,5 ЕКТС кредити. Пријавувањето се врши преку пополнување на прашалникот на следниот линк:

http://tiny.cc/LSMT

Пријавувањето започнува во четврток, 7 септември 2017, а бројот на местата е ограничен.