Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости ЈАВЕН ПОВИК За избор на најдобри бизнис планови и за започнување на бизнис

ЈАВЕН ПОВИК За избор на најдобри бизнис планови и за започнување на бизнис

Македонија

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА

 

Согласно Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2014 година („Службен весник на Република Македонија“  бр. 7/14), Министерството за економија објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

За избор на најдобри бизнис планови и за започнување на бизнис

  1. Предмет на јавниот повик е избор на најдобри бизнис планови под мотото „Биди перспективен започни свој бизнис“. Проектот се реализира во соработка со: Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Министерството за образование и наука, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Државниот универзитет во Тетово, Агенцијата за поддршка на претприемништвото  на Република Македонија, Бирото за развој на образованието, Бизнис старт-ап центарот при Машинскиот факултет и Националниот совет за претприемништво и конкурентност на Република Македонија.
  2. Право на учество имаат студенти и млади  претприемачи на возраст од 18 до 30 години. Секој учесник на натпреварот за најдобри бизнис планови и за започнување на бизнис има право да аплицира само со еден бизнис план. Со еден бизнис план може да учествуваат најмногу 4 лица.
  3. Услов за учество е Бизнис плановите да бидат изготвени согласно Упатството за пишување на бизнис план. Апликациите може да се поднесат на македонски јазик или албански јазик, со превод на македонски.
  4. Критериуми за оценување и избор на најдобри бизнис планови:
  5. Критериум

    Вредност %

    Изглед на насловна страна

    2

    Резиме

    5

    Опис на производите и/или услугите

    10

    Анализа на пазарот и индустријата

    13

    SWOT анализа

    8

    Опис на системите на маркетинг и дистрибуција

    8

    Опис на производниот/услужниот процес

    10

    Менаџмент на човечки ресурси

    5

    Организација на фирмата (сектори, структура,...)

    3

    Финансиски план

    13

    Изводливост на бизнисот

    10

    Иновативност на бизнисот

    13

     

  6. 10-те најдобри бизнис планови ќе бидат презентирани пред Комисијата за изготвување на Јавен повик и за евалуација и избор на најдобар бизнис план. На најдобрите бизнис планови ќе им бидат доделени плакети, ваучери и парични награди од:
    • 1 награда  330.000 денари
    • 2 награда  230.000 денари
    • 3 награда  130.000 денари
    • 4 награда  100.000 денари
    • 5 награда  60.000 денари
  7. Услов за добивање на паричната награда е формирање на претпријатие на чие што име и сметка ќе бидат префрлени средствата. Претпријатието треба да се основа по завршување на натпреварот. Носителите  на бизнис планот  воедно мора да бидат  основачи и сопственици на претпријатието (за истото ќе треба да се приложи Решение од Централен регистар на Република Македонија за новорегистрирано претпријатие).
  8. Јавниот повик за аплицирање на бизнис плановите трае до 15 септември, 2014 година. Готовиот бизнис план и тоа:
  9. еден пишуван примерок треба да се достави до архивата на Министерство за економија со назнака:

    „За избор на најдобри бизнис планови и за започнување на бизнис“

    Адреса:

    Министерство за економија

    Јуриј Гагарин 15, 1000 Скопје

    и електронска верзија од истиот да се достави на следната E-mail адреса: biznisplan@economy.gov.mk

    За дополнителни информации

    тел. (02) 3093  445; (02) 3093 431; (02) 3093 501