Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости ITU Centre of Excellence elearning курс: „Broadband and Next Generation Networks”, 28 мај – 24 јуни 2013 година

ITU Centre of Excellence elearning курс: „Broadband and Next Generation Networks”, 28 мај – 24 јуни 2013 година


International Telecommunication Union (ITU) Centre of Excellence (CoE) на ФЕИТ во Скопје организира elearning курс на тема „Broadband and Next Generation Networks” од 28 мај до 24 јуни 2013 година, во рамките на ITU Centre of Excellence мрежата за регионот на Европа, при што истиот ќе се реализира преку ITU Академијата: http://academy.itu.int .

 

Менаџер/Координатор на ITU Centre of Excellence на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје е проф. д-р Тони Јаневски.

itu101.jpg

Овој курс ќе биде фокусиран на Broadband and Next Generation Networks (NGN) вклучувајќи ги технологиите, регулаторните и бизнис аспектите. Притоа ќе бидат опфатени фиксните broadband Интернет мрежи, вклучувајќи ги DSL, кабелските и FTTH, како и регулаторните и бизнис аспектите на broadband мрежите и сервисите. Понатаму, курсот ќе ги опфати Next Generation Networks (NGN) според ITU стандардизацијата, вклучувајќи ги NGN архитектурите и протоколите, Quality of Service (QoS) во NGN, сигурносните механизми, транзицијата на PSTN и IP мрежите кон NGN, IPv6-базираните NGN, како и бизнис предизвиците за Next Generation Networks. Исто така, ќе бидат опфатени mobile broadband и NGN, вклучувајќи ги 3GPP mobile broadband мрежите (LTE/LTE-Advanced), IEEE mobile broadband (мобилен WiMAX, WiFi), Fixed-Mobile Convergence (FMC), IMS (IP Multimedia Subsystem) за NGN, мобилен и локациски менаџмент, NGN мобилните сервиси, како и регулаторните и бизнис аспектите. На крајот, курсот ќе ги опфати broadband и NGN сервисите (Next Generation VoIP, IPTV преку NGN, веб сервисите во NGN, cloud computing, Internet of things, Web of things), како и бизнис и регулаторните предизвици на broadband и NGN сервисите.

Курсот е наменет за менаџерите, инженерите и вработените во регулаторите, државната администрација, телекомуникациските оператори, ICT компаниите, како и од академската средина, кои се заинтересирани за разбирање, имплементација и регулирање на Broadband и NGN, во однос на мрежниот дизајн, технологиите, стандардизацијата, регулативата и содржините. Останатите фирми / компании и поединци кои се посветени на зголемување на нивниот капацитет во однос на Broadband и NGN се исто така добредојдени да учествуваат.

За добивање на формална покана за ITU CoE elearning курсот сите заинтересирани страни треба да го контактираат проф. д-р Тони Јаневски (tonij@feit.ukim.edu.mk), најдоцна до 27 мај 2013 година.