Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Иновацијата на WiNGroup прерасна во комерцијален производ на македонски телеком

Иновацијата на WiNGroup прерасна во комерцијален производ на македонски телеком

Успешно лансиран SmartWine системот за далечински мониторинг на лозови насади, обработка на податоци во “облак” и алармирање

Со особена чест и задоволство најавуваме дека иновативната идеја на нашата истражувачка група WiNGroup за развој на експертски систем за набљудување на лозови насади, обработка во реално време на критични параметри за одгледување на грозје и навремено алармирање до релевантни лица - SmartWine прерасна во комерцијален производ на Македонски Телеком. SmartWine е прв комерцијален производ од петте победнички проекти на конкурсот за иновации на Македонски Телеком од 2013-та година развиен од членовите на истражувачката група WiNGroup при Институтот за телекомуникации на Факултетот за електротехника и информациски технологии, а под раководство на проф. д-р Лилјана Гавриловска. Станува збор за веб базирана апликација за надзор на лозови насади со користење на безжична сензорска мрежа во облак решение. Апликацијата овозможува 24-часовен мониторинг на состојбата на лозовите насади, со што се намалуваат опасностите од болести, мраз и суша и им се заштедува време на производителите. Како прв продукт од ваков тип на пазарот, SmartWine им нуди уникатно корисничко искуство на производителите на вино, овозможувајќи намалување на трошоците за заштита на лозјата и зголемување на конкурентноста на вината на извозниот пазар. SmartWine системот е унифициран и истиот може да се примени и во други земјоделски гранки, на било кој пазар во светот.

SmartWine системот е претставен и на тековниот саем за иновации, CeBit, во Хановер, Германија, со што стана и дел од сервисното портфолио на целокупната Deutsche Telecom групација.

Повеќе детали за комерцијалниот производ може да се видат на:

http://business.telekom.mk/mk/510/IKT_uslugi/SmartWine.html

123