Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости ЕВН вработи пет стипендисти од ФЕИТ

ЕВН вработи пет стипендисти од ФЕИТ

Скопје, 31.10.2014 – По повод Денот на практикантите, ЕВН Македонија ја организираше традиционалната средба на студенти кои биле практиканти во оваа компанија.

На настанот беа промовирани сите практиканти и новите вработувања на пет стипендисти од генерацијата студенти на ФЕИТ со кои почнала соработката меѓу Факултетот и компанијата.

„Вашето задоволство е мерило и повик за идните генерации кои чекаат на можностите кои ги нуди ЕВН Македонија. Некои од вас ќе станат лидери, а некои експерти во својата област. Ви посакувам се најдобро и се надевам дека ќе се сретнеме повторно, како колеги во рамките на ЕВН“, им порача Вернер Хенгст, претседател на УО на ЕВН Македонија.

Соработката во однос на практикантството меѓу Факултетот за електротехника и информациски технологии од Скопје и ЕВН Македонија трае веќе пет години.

„Откако почнавме со практиканството и стипендирањето, бројот на студенти се зголеми за три пати. Не само што се зголеми, туку веќе ги запишуваме и најдобрите студенти во енергетските насоки“, рече проф. д-р Христина Спасевска, продекан за настава на ФЕИТ.