Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости ЕВЕС – Инженерскиот натпревар започнува!

ЕВЕС – Инженерскиот натпревар започнува!

Денес започнува инженерскиот натпревар ЕВЕС во организација на БЕСТ Скопје.

Настанот официјално ќе биде отворен во 10:00 часот во просториите на Seavus едукативниот и развоен центар.  На свеченото отворање ќе присуствуваат претставници од техничките факултети, компаниите и организациите кои го поддржуваат настанот, како и тимовите кои ќе се натпреваруваат во текот на следните два дена.

Веднаш по официјалното отворање, со почеток во 11:00 часот, ќе следи форумската расправа на тема "Разидувањето што постои помеѓу она што бизнисот го бара и она што образованието го обезбедува". Форумската расправа претставува одлична можност за студентите, претставници од компаниите и професорите да ги споделат своите мислења и да дебатираат на актуелна тема која ги засега  современото образование и бизнис.

Натпреварувањето во категориите Case Study и Team Design ќе се одржи во текот на следните два дена од натпреварот. Најдобрите два тима ќе освојат учество на регионалниот инженерски натпревар во Ниш, каде ќе се натпреваруваат со студенти од целиот Балкан и ќе се борат за место во финалето, кое ќе се одржи во Рига.

Бидете во тек со случувањата за време на ЕВЕС Скопје преку следните веб страни :
www.facebook.com/bestskopje
www.twitter.com/bestskopje
www.ebec.best.org.mk


БЕСТ Скопје им посакува среќа на сите учесници!

БЕСТ Скопје

ebec_slika.png