Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости ЕТАИ 2013

ЕТАИ 2013

etai_logo.jpg

Во Охрид деновиве се одржува единаесетта конференција за електроника, телекомуникации, автоматика и информатика ЕТАИ 2013, која претставува единствена серија на конференции организирани од Здружението за ЕТАИ на Република Македонија.

Традиционално, конференцијата се одржува во амбиентот на богатата реткост на природата и културата на Охридското крајбрежје, заштитено од УНЕСКО. Намената на конференцијата, сообразно со нејзиниот заемно-дисциплинарен карактер, е изучување и експанзија на теориските и апликативните аспекти во електрониката, телекомуникациите, автоматиката и информатиката.

Целта на конференцијата е да обезбеди форум за презентација и дискусија на состојбата и развојните правци на областите што ги покрива ЕТАИ во Република Македонија и пошироко. На овогодинешната ЕТАИ 2013 конференција е забележано присуство на повеќе од 100 автори од 16 различни земји.

Факултетот за електротехника и информациски технологии зема активно учество во рамките на конференцијата со презентирање и изложување на своите најнови научни достигнувања.

ЕТАИ_2013_1 ЕТАИ_2013_2

ЕТАИ_2013_3