Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Форумска расправа - КОНТАКТ 2014

Форумска расправа - КОНТАКТ 2014

Форумска расправа

Соочуваме аргументи на тезата: "Пресекот помеѓу стручните познавања на дипломецот и побарувачката на стопанството е празно множество"

 

Метод на изнаоѓање решенија: Отворена дискусија

Пред почетокот на форумската дискусија учесниците беа запрашани кои се нивните очекувања од оваа оваа форумска дискусија. Дел од очекувањата беа: да се разменат искуства помеѓу студентите и луѓето од менаџментот на компаниите, да се дојде до заклучок како да се подобрат академските образовни програми, да се чујат барањата на компаниите од идните вработени, како студентите да излезат поподготвени за функционирање во работна средина.

Соочувајќи ги аргументите на студентите, претставниците на компаниите и факултетот поставената теза се покажа како неиздржана. Главна причина беше фактот дека реалните очекувања на компаниите се многу помали во однос на мислењето кое владееше помеѓу студентите.

copy3_of_image001.jpg

Како природно следување се постави двојбата меѓу студиите во потрага по фундаментално знаење или тесно насочените специјализирани студии. За условите во Македонија беше извлечен заклучокот дека на така мал пазар на труд, фундаменталното образование овозможува повеќе опции за вработување.  Искуствата на компаниите покажаа дека имаат доверба во сегашните капацитети на академските институции дека произведуваат способни кадри на кои им е потребно усмерување. Доколку компаниите сметаат дека тоа е вистинскиот кандидат за нив, нудат можности за негово дообучување.

Како наредно беше донесен заклучокот дека компаните не пресудуваат само врз база на просекот на студентите, но и тоа како ги вреднуваат и човечките карактеристики кај ново вработените како трудољубивост, желба за напредување и изградување, посветеност и прилагодливост.

Во врска со зголемувањето на компетентноста на студентите компаниите споделија искуства дека навистина го вреднуваат влогот кој го прават студентските организации и дека кандидатите кои земале активно учество во студентскиот активизам поседуваат вештини кои компаниите серизно ги ценат. Сепак беше заклучено дека факултетите треба да се вклучат повеќе во зголемување на свесноста кај студените за корисноста од членството во организациите и поактивна подршка на неформалното образование.

По двата часа предвидени за дискусија беше заклучено дека темата е навистина неисцрпна и за истата има огромен интерес за изнаоѓање на решенија. Трите страни пројавија желба да се продолжи понатаму комуникацијата помеѓу нив со цел да се изнајдат решенија за проблемите кои беа детектирани за време на дискусијата.