Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости ФЕИТ запиша 11 кандидати на трет циклус - докторски студии

ФЕИТ запиша 11 кандидати на трет циклус - докторски студии

Дел од годишните настани на ФЕИТ е секако пригодниот состанок на кој се доделуваат индекси на примените кандидати на трет циклус – докторски студии, кој се одржа на 18 ноември 2014 година во просториите на ФЕИТ.

Оваа година на конкурс за запишување на трет циклус – докторски студии на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје во учебната 2014/2015 година кој беше објавен во септември, вкупно пријавени беа 12 каднидати на студиските програми на ФЕИТ, а условите за да бидат примени ги исполнија 11 кандидати. На студиската програма на Електротехника и информациски технологии беа примени: м-р Јован Карамачоски, м-р Сања Ангелова, м-р Маја Кукушева Панева, м-р Драган Станковски, м-р Матеј Добревски, м-р Маја Целеска, м-р Отон Манис, а на студиската програма Метрологија беа примени: м-р Димитар Парнарџиев, м-р Соња Петковскам-р Ивана Сандева и м-р Билјана Читкушева – Димитровска.

На присутните кандидати и ментори им се обратија Деканот на ФЕИТ и раководител на СП Метрологија проф. д-р Миле Станковски, раководителот на СП Електротехника и Информациски Технологии проф. д-р Лилјана Гавриловска и Проректорот за настава при УКИМ проф. д-р Влатко Стоилков кои им посакаа добредојде во третиот циклус на студирање и успешна соработка со менторите и квалитетни научни резултати.