Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости ФЕИТ во соработка со NUARI од САД организатори на НАТО работилница за сајбер безбедност

ФЕИТ во соработка со NUARI од САД организатори на НАТО работилница за сајбер безбедност

Nato360SPSP.jpg

Во периодот од 10 до 12 јуни 2013, во Охрид, во рамките на Програмата за мир и безбедност на НАТО се одржува работилница на тема: „Најдобрите практики и иновативни пристапи за развивање на рамка на сигурносни политики за сајбер-безбедност“, чиишто организатори се Факултетот за електротехника и информациски технологии од Скопје и NUARI - Институтот за применета наука при Универзитетот Норвич, Вермонт, САД.

Целта на оваа средба е развој на рамка на сигурносни политики за подобрување на сајбер-безбедноста, посебно на критичната ИКТ инфаструктура во Македонија.

На работилницата учествуваат шеестина учесници од Македонија, САД, Ерменија, Хрватска, Грција, Германија, Турција, Бугарија, Црна Гора и Молдавија кои ќе имаат за цел преку практични вежби да го дефинираат проблемот, односно правната рамка со која ќе се воспостави националниот модел за управувување со сајбер ризиците (нивно дефинирање и нивоа на толеранција под различни околности), доделување одговорност меѓу различните засегнати страни за дефинирање и менаџирање на ризиците, поставување и управување со ризикот.

Ко-директор на работилницата од Македонија е проф. д-р Александар Ристески од ФЕИТ, а за ко-директор од земја членка на НАТО е назначен Филип Сусман, претседател на NUARI.

Од Факултетот за електротехника и информациски технологии на првиот ден од работилницата своите видувања за проблематиката ги изложија  проф. д-р Александар Ристески на тема “Cyber Security Issues of Telecommunication Infrastructure” и  доц. д-р Горан Стојановски на тема “Operating SCADA Systems in Potential Risk Intrusion Network Environment and Risk Management”.

Официјален флаер за настанот

Повеќе македонски медиуми покажаа интерес и издвоија простор за оваа НАТО работилница:

http://ohridpress.com/ohrid/8156

http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=950

http://www.mfa.gov.mk/?q=node/2494

http://www.ohridnews.com.mk/index.php?mod=1&kat=4&id=56292

http://ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=56419

http://ohridpress.com.mk/ohrid/8098