Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости ФЕИТ на саемот за чиста енергија

ФЕИТ на саемот за чиста енергија

 

Претставници од Факултетот за електротехника и информациски технологии учествуваа на Саемот за чиста енергија, организиран од Здружението на граѓани “Go Green”, а во соработка со фонадцијата „Конрад Аденауер“ и Француската амбасада во Скопје. Саемот се одржа како дел од Европската недела на одржлива енергија.

GoGreen 1

На саемот, кој се одржа на 16 и 17 јуни во ЕУ инфо центарот во Скопје, беа претставени програмите за студии и стипендии од неколку факултети од Универзитетот Св. Кирил и Методиј, производствените индустриски технологии во неколку компании во Македонија, како и можностите за вработување и практика на младите.

GoGreen 2

Целта на саемот беше поврзување на младите со компаниите што работат во полето на обновлива енергија и факултетите што нудат студии од оваа област, како и да се информираат за можностите за академски и професионален развој.