Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости ФЕИТ на Eлектријада 2014

ФЕИТ на Eлектријада 2014

Електријада, претставува најголем годишен собир на студенти од техничките факултети во Југоисточна Европа. Традиционално се одржува веќе 54 години и претставува симбол на глобалното академско единство и студентскиот дух. Оваа година имаше учесници од пет земји и речиси 20 факултети, меѓу кои се најдоа техничките факултети од Белград, Загреб, Бања Лука, Нови Сад, Ниш, Сараево, Источно Сараево, Сплит, Подгорица и други. Студентите, преку натпревари во наука и спорт го бранат угледот на својот факултет и својата држава.

image001.jpg

На овогодинешниот меѓународен студентски натпревар Електријада, што се одржа во периодот од 6ти до 12ти Мај во Балатон, Унгарија, нашите студенти покажаа извонредни резултати. Тимот студенти составен од Дарко Мицев, Георги Костов и Иван Гочев, кои се втора година на нашиот факултет,го освоија првото место и златна плакета за Математика 1. На натпреварот по Математика 1 учествуваа 13 екипи од најдобрите факултети по електротехника во регионот.

image003.jpg

Покрај наградата од областа на Математиката, ФЕИТ се закити со уште една награда од областа на Телекомуникациите. Тимот беше претставен од студентите Синиша Пецов и Емилија Бабалевска од трета година и Нина Грошева од втора година. Во конкуренција од 4 тима, тимот на ФЕИТ го освои третото место.

Трето поединечно место освои и студентот Андреј Георгиевски, кој е втора година на КТИ, за Англиски јазик во конкуренција од 40 студенти од 13 различни тимови.

На студентите кои се натпреваруваа во спортовите футсал мажи, баскет мажи и одбојка мажи им беше доделена диплома за најпосветени тимови во конкуренција на трите спорта и повеќе од 20 екипи во истите.

image005.jpg

ФЕИТ се гордее со своите студенти кои успешно го одбранија угледот на ФЕИТ и се доказ за квалитетната работа и стручните тимови на нашиот факултет.

Повеќе информации за Електријада: http://www.elektrijada.com