Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости ФЕИТ на Денот на Високото образование на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје

ФЕИТ на Денот на Високото образование на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје

1

На 11.IV.2014 година на платото пред ректоратот беше одржан „Ден на високото образование на Универзитетот „Св Кирил и Методиј“, во времетраење од 10:00 до 17:00 часот. Посетителите имаа можност непосредно во разговор со наставниот кадар и студентите да се запознаат со дејноста на најстарата високообразовна институција во нашата земја, нејзината долга традиција, мисија и визија. Во изложбените простори беа прикажани презентации на активностите и проектите на наставниците и студентите, изложба на богатата научна дејност на Универзитетот: монографии, учебници, преводи и научни списанија.

На денот на високото образование, ФЕИТ беше претставуван од членовите на Центарот за нови студенти, Студентскиот Парламент на ФЕИТ како и од студентите при факултетот.

ГАЛЕРИЈА