Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости ФЕИТ на Денот на Високото образование на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје

ФЕИТ на Денот на Високото образование на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје

 

DSC04495.JPGНа 24.IV.2013 година на платото пред ректоратот беше одржан „Ден на високото образование на Универзитетот „Св Кирил и Методиј“, во времетраење од 10:00 до 17:00 часот. Посетителите имаа можност непосредно во разговор со наставниот кадар и студентите да се запознаат со дејноста на најстарата високообразовна институција во нашата земја, нејзината долга традиција, мисија и визија. Во изложбените простори беа прикажани презентации на активностите и проектите на наставниците и студентите, изложба на богатата научна дејност на Универзитетот: монографии, учебници, преводи и научни списанија.

DSC04497.JPGНа денот на високото образование, ФЕИТ беше претставуван од членовите на Центарот за нови студенти(cns@feit.ukim.edu.mk) како и од студентите при факултетот, кои беа расположени да го претстават она што го научиле и што ќе можат идните студенти да го научат на нашиот факултет.

ФЕИТ им благодари на главните организатори на настанот, како и на вработените и студентите кои помогнаа во успешното претставување како на факултетот, така и на универзитетот.

Галерија 1

Галерија 2

Галерија 3