Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости ФЕИТ дел од Европската недела на роботиката

ФЕИТ дел од Европската недела на роботиката

Ревијалниот настан со кој ФЕИТ се вклучи во Европската недела на роботика насловен “Сретни ги роботите” се одржа на 26.11.2014 година, во холот на факултетот. Целта на настанот беше да се мотивираат луѓето од сите возрасти да се запознаат со природните науки, технологијата, инженерството и математиката и притоа, да развијат одговорен пристап кон употребата на роботите во нашето општество.

На настанот беа изложени и роботи кои ги поседува ФЕИТ; дел од нив поради нивната големина можеа да се видат само во Лабораторијата на Институтот за автоматика и системско инженерство. Исто така беа изложени и презентации на магистерски и докторски трудови од областа на роботиката.

1

Од студенти на Факултетот изложени беа проектите од учесниците на Робомак, како и индивидуални проекти на студентите. Меѓу нив беа и Hacklab KIKA (http://b10g.spodeli.org/), кои го претставија нивниот 3Д принтер за принтање на вистински објекти, оригинално “наше македонско производство”- како што кажа нивниот претставник Александар Лазаров. Студентите од КIKA можеа и да се пофалат со нивната 3Д LED коцка.

2

На настанот исто така изложуваа приватни компании кои се сопственици, како и изработувачи на роботи кои се користат за различни цели;

Компанијата Атроника http://www.atronika.com го претстави нивниот “eduRobot”, едукативен робот кој помага во едукативниот процес на децата од 6 до 10 годишна возраст, за развивање на чуството зарастојание, насоки на движење, геометриски форми. Овој робот во последниве две години со помош на USAID се употребува во над 300 училишта низ земјава.

3

FlyCam http://www.flycam.mk/mk/ е компанија која се занимава со снимање и фотографирање од воздух со радио контролирани мултикоптери. FlyCam поседува два такви мултикоптери, Октокоптер и Хексакоптер, кои се опремени со високо квалитетна опрема за снимање и фотографирање. Вистинскиот момент за уживање на љубителите на роботиката беше летањето на Октокоптерот над тревникот на факултетот.

4

New Man Business Accelerator имаа свој штанд.

Друга високо-образовна институција која зеде учество на настанот беше Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, кои изложија неколку свои проекти меѓу кои и добро познатиот за јавноста NAO робот. Овој атрактивен и високо функционален хуманоид како и секогаш привлече огромно внимание кај присутните.

5

Кординаторот на Европската недела на роботиката, д-р Васко Саздовски, претстави два свои проекти: Flying Frog, кој претставува беспилотен квадротор со автономен навигациски систем кој користи евтини инерцијални сензори и единствена камера како визуелен сензор

6

и Robot Genie на кој работат заедно со Митко Кинов, дипломиран авио машински инженер. Од Genie беше изложен првиот дел од неговиот развој кој е планиран да се заврши во 4 фази, односно беше изложена завршената мобилна платформа (набрзо следи набрзо инсталирањето на главата, па следи поставувањето на школката и инсталирање на рацете). Инспирацијата на д-р Саздовски е создавање на нискобуџетни роботи кои ќе помогаат во едукацијата и развивање на употребата на роботите во нашата земја. Повеќе за неговите проекти може да прочитате на http://www.robotilnica.org/.

7

 

Ние како домакини на настанот и како македонски лидер во развојот на роботиката имавме чест да ви ги претставиме достигнувањата во оваа сфера, и да бидеме дел од европската недела на роботика. Следен настан на ФЕИТ од областа на роботиката е само за неколку месеци кога се случува меѓународниот семинар за роботика RoboMac.