Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Двајца професори од ФЕИТ меѓу десетте најдобри научници на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје за 2013 година

Двајца професори од ФЕИТ меѓу десетте најдобри научници на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје за 2013 година

1

Оваа година по втор пат,  Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, со одлука на Универзитетскиот сенат, им додели признанија на 10 најдобри научници за 2013 година. И оваа година, повторно двајца професори од ФЕИТ се најдоа на листата на десетте најдобри.

2

Наградите на годинашните добитници им ги врачија министерот за образование и наука, г-дин Спиро Ристовски и ректорот на универзитетот, проф. д-р Велимир Стојковски. Најдобрите научници се од шест факултети на УКИМ и од седум струки.

Добитници на престижната награди од ФЕИТ се професорите од Институтот за телекумуникации, проф. д-р Тони Јаневски и проф. д-р Зоран Хаџи – Велков. Ова е уште една потврда за квалитетот на научно-истражувачката работа која веќе 55 години се негува на нашиот факултет.

3

 

Од медиумите:

http://www.mrt.com.mk/node/3786

http://www.press24.mk/node/66936

http://grid.mk/news/506774656/ukim-gi-nagradi-10-te-najdobri-nauchnici-vo-2013-godina