Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Доделување на Наградата за студентско достигнување на Одделот за телекомуникации на Република Македонија за 2014 година

Доделување на Наградата за студентско достигнување на Одделот за телекомуникации на Република Македонија за 2014 година

RM_ComSoc_Chapter_Logo.jpg

Во просториите на Институтот за телекомуникации при ФЕИТ во Скопје, на 16 октомври 2014 година, се одржа церемонијата за доделување на Наградата за студентско достигнување на Одделот за телекомуникации на Република Македонија за 2014 година.

Овогодишен добитник на Наградата е м-р Марко Анѓеличиновски, магистрант на студиската програма од 2 циклус „Безжични и мобилни комуникации“ на ФЕИТ во Скопје.

1

Наградата е воспоставена во 2012 година, и се доделува еднаш годишно на студент запишан на додипломски или магистерски студии по телекомуникации и комуникациски технологии на универзитет во Република Македонија. За добитник на Наградата се избира кандидат кој постигнал одлични резултати при спроведени истражувања во областа на телекомуникациите во претходната или тековната година.

2


Наградата на м-р Марко Анѓеличиноски му се доделува за следниве достигнувања:

  1. Одбранета магистерска работа на ФЕИТ Скопје во текот на 2014 година, под менторство на проф. Лилјана Гавриловска. Во магистерската работа е изложен иновативен теоретски придонес во областа на локализација на предаватели, со користење на комплексен математички апарат (статистичко процесирање на сигнали и линеарна алгебра).
  2. Објавен труд во IEEE Communications Letters и IEEE Communications Surveys and Tutorials, како дел од магистерската работа.
  3. Објавен труд на конференцијата ЕТАИ 2013 (конференцијата е ко-спонзорирана од Одделот за телекомуникации).

Наградата се состои од сертификат и паричен надоместок.