Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Акредитација на Лабораторијата за електрични мерења при ФЕИТ

Акредитација на Лабораторијата за електрични мерења при ФЕИТ

Лабораторијата за електрични мерења при ФЕИТ доби акредитација од Институтот за акредитација на РМ според стандардот МКС EN ISO/IEC 17025:2006 за калибрација на електрични величини. Со оваа акредитација Лабораторијата за електрични величини ќе може да калибрира инструменти кои мерат еднонасочен и наизменичен напон, еднонасочна и наизменична струја, отпорност, капацитивност, моќност и енергија, како и фазен агол и фреквенција.

За добивањето на акредитацијата членовите на Институтот за електрични мерења и материјали напорно работеа околу една година. Со оваа акредитација, Лабораторијата односно сите калибратори и инструменти со висока точност, ќе бидат ставени во функција за подршка на компаниите од индустријата. Потребата за ваква лабораторија ја искажаа самите компании, кои досега потребните калибрации ги правеа во странство.

Со добиената акредитација се отвараат можности и за научна работа на студентите на постдипломски и докторски студии.

sertifikatemem.jpg