Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости „Месец на претприемништво“ на ФЕИТ

„Месец на претприемништво“ на ФЕИТ

Студентите од техничките факултети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (Факултетот за електротехника и информациски технологии, Машинскиот факултет, Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство и Технолошко-Металуршкиот факултет), прв пат, ќе организираат и ќе имаат можност да учествуваат на „Месец на претприемништво“.

Во текот на февруари ќе се организираат неколку предавања, работилници и панел дискусии, каде млади и успешни претприемачи, со огромен ентузијазам, ќе ги споделат сопствените приказни, совети, искуства и тактики како студентите да ја реализираат сопствената бизнис идеја.

Настаните ќе се одржуваат во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии во наредните три викенди (13-14.02.2016, 20-21.02.2016 и 27-28.02.2016) од 12 до 15 часот.

Сите заинтересиран студенти може да се пријавуваат со пополнување на формата подолу.

Своето искуство пред студентите ќе го пренесат претставници на компаниите HASELT, Grouper, Modular, Brainster, G6, МКхост, бизнис акцелераторите “Super-Founder” и “NewMan’s Business Accelerator”,  здружението за бизнис и претприемништво CEFE и голем број индивидуалци кои се вклучени и се дел од старт-ап сцената во Македонија.

Целта на настанот е да се поттикне претприемачкиот дух кај студентите своите идеи да ги претворат во реалност. Овој настан, преку програмата Еразмус+, во 2017 година ќе добие интернационален карактер со учесници од цела Европа.

Организатори и иницијатори за одржувањето се студенти од Студентски парламент на ФЕИТ, во соработка со домаќинот на настанот - Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии во Скопје.