Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Тековни соопштенија за студентите Оглас за стипендија-Гентерм Македонија

Оглас за стипендија-Гентерм Македонија

Рок на аплицирање: до 22.8.2017

 

Gentherm_logo_fc_rgb_2013.JPG

Со цел да обезбеди подмладок на стручниот кадар и развој на млади таленти потребни на компанијата, Гентерм Македонија ќе стипендира студенти од електротехниката како дел од активностите за континуирано следење и развој на човечкиот потенцијал.

Стипендијата е во висина од 6000,00 денари месечно и важи за една студиска година (10 месеци).

  • Одлична можност за сите студенти на ФЕИТ во последна студиска година, кои редовно ги имаат положено предвидените испити и освоиле минимум 150 кредити.
  • Стипендистот треба да:
          • да ја заврши годината во предвиденото време со просек не помал од 7,5;
          • по или непосредно пред дипломирањето да биде достапен за вработување согласно потребите на Стипендиторот;

Начин на аплицирање:

Заинтересираните студенти потребно е да:

  • Подготват CV
  • Подготват мотивациско писмо.
  • Да достават листа на положени испити

 

Надлежните од Гентерм Македонија, ќе извршат интервјуирање, селекција и избор на најдобриот кандидат за стипендирање.

Апликацијата за стипендирање треба да се достави најдоцна до 22.08.2017 година преку електронска пошта Mk.Jobs@gentherm.com со назнака „апликација за стипендија“