Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Настани Сретни ги роботите

Сретни ги роботите

кога 26.11.2014.
од 12:00 до 15:00
Додај настан во календар вКал (vCal)
иКал (iCal)

copy_of_image001.png

26 ноември 2014 година, од 12 до 15 часот

Хол на Факултет за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ)

Руѓер Бошковиќ бб, Скопје

Роботите побудувааат интерес кај учениците, студентите, младите - всушност кај сите. Роботите се интересни и секој од нас има омилен робот од научно-фантастичните филмови. Повеќе интересно е дружењето со роботите кои сами сме ги дизајнирале и програмирале. Роботи кои летаат, се движат како луѓе, имаат интеракција со околината на различни начини, дури и роботи кои играат и спортуваат се дел од Европската недела на роботика. Овој настан целата таа возбуда ја претвора во корисно искуство кое ги мотивира луѓето од сите возрасти да се запознаат подлабоко со природните науки, технологијата, инженерството и математиката и притоа да развијат одговорен пристап кон употребата на роботите во нашето општество.

Дојдете да се дружиме. Доколку имате свој робот, понесете го. Настанот е од отворен тип и постои можност за учество на сите заинтересирани граѓани, ученици, студенти, хобисти и ентузијасти кои работат и имаат интерес за роботика.