Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Настани Саем за вработување и пракса Контакт 2016

Саем за вработување и пракса Контакт 2016

кога 04.04.2016. 10:00 до
06.04.2016. 18:00
Додај настан во календар вКал (vCal)
иКал (iCal)

kontakt_logo1.png

 

Трета година по ред студентските парламенти на Факултетот за електротехника и информациски технологии и на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство го организираат саемот за вработување и пракса КОНТАКТ 2016.

КОНТАКТ е саем за вработување и пракса, кој им овозможува на студентите да се запознаат со можностите кои ги нудат компаниите на пазарот, преку директен контакт со претставниците од компаниите. На тој начин, студентите би се запознале со начинот на работа на компаниите и условите кои треба да ги исполнуваат за вработување или добивање практикантска работа.

Целта на овој настан е преку разни предавања, тренинзи и обуки оддржувани од врвни професионалци и тренери, студентите да имаат можност да ги подобрат своите професионални вештини со цел да бидат поконкурентни при аплицирање за работа или пракса.

Настанот се состои од два дела: саемски и едукативен. На саемскиот дел учествуваат голем број на фирми и компании, кои на студентите им нудат пракси, а потоа и  вработувања. Додека пак, на едукативниот дел , студентите ќе имаат можност да слушнат различни предавања кои се поделени во три модули за време на трите дена од настанот. На следниот линк имате повеќе информации за Едукативниот дел каде може и да се пријавите за учество на некои од модулите: https://goo.gl/zKwwGk

Двата дела од настанот, годинава се одржуваат во  периодот од 04.04.2016- 06.04.2016 во холовите на ФЕИТ/МФС и  ТМФ/ФИНКИ.

Она што студентите треба да го направат е да го остават своето CV на официјалната веб страница на КОНТАКТ 2016, www.kontakt.org.mk. Ве очекуваме!!