Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Настани Промоција на дипломирани и магистрирани студенти 2014

Промоција на дипломирани и магистрирани студенти 2014

кога 18.06.2014.
од 18:00 до 22:00
Додај настан во календар вКал (vCal)
иКал (iCal)

 

 

 

 

55 години од основањето на ФЕИТ

Промоција на дипломирани и магистрирани студенти 2014

 

Оваа година промоцијата на дипломирани и магистрирани студенти ќе се одвива во рамките на Свечената академија организирана по повод јубилејот 55 години од основањето на Факултетот за електротехника и информациски технологии.

Промоцијата на студентите кои дипломирале и магистрирале во изминатата година ќе се одржи на 18.6.2014 година (среда), во новиот објект на Македонскиот Народен Театар во Скопје. Термините во кои треба да пристигнат студентите, согласно бројот на диплома, е според следниот распоред:

диплома бр.

вкупно

време

VII 1

од 6269 до 6315

47

17:30

ИНФО

од 65 до 72

8

17:30

I циклус ЕКТС

од 1127 до 1173

47

17:45

I циклус ЕКТС

од 1174 до 1221

47

18:00

I циклус ЕКТС

од 1222 до 1269

47

18:15

I циклус ЕКТС

од 1270 до 1317

47

18:30

I циклус ЕКТС

од 1318 до 1364

47

18:45

м-р старо

од 352 до 359

8

19:00

м-р ЕКТС

од 207 до 276

69

19:00

Списокот на дипломираните и магистрираните кои ќе бидат промовирани на годинешната промоција може да се види во прилог (Списоци).

На студентите запишани во 2009 година и подоцна, по дипломирањето/магистрирањето, покрај дипломата, задолжително, им се издава и додаток на диплома. За таа цел сите магистрирани и дипломирани студенти со индекс : ###/2009, ###/2010, ###/2011, ###/2012 кои не се извршиле уплата за додаток на диплома во претходно дадениот рок, имаат обврска да уплатат 650,00 денари на сметката на факултетот и уплатницата да ја донесат на денот на промоцијата.

Деталната агенда, со цел да се запознаете со протоколот на свеченоста, може да ја погледнете овде

ikona_pdfАГЕНДАikona_pdf

Ве молиме да го почитувате времето и редоследот на активностите.

 

Ви посакуваме убава вечер.

Деканат на Факултет за електротехника и информациски технологии во Скопје.