Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Настани Планинарска тура “Водно 2015 година”

Планинарска тура “Водно 2015 година”

кога 05.11.2015.
од 09:30 до 18:00
Додај настан во календар вКал (vCal)
иКал (iCal)

ukimlogo.jpg

На 05.11.2015 година (четврток) ќе се одржи спортско-рекреативен, забавен и хуманитарен ден, 31-тa по ред есенска студентска планинарска тура “Водно 2015 година”.

Традиционално, покровител на Планинарската тура е ректорот на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

Оваа спортска активност се одржува по повод “13 Ноември” – Денот на ослободувањето на град Скопје.

На целта на Средно Водно е обезбеден чај, а нашите колеги студенти од Факултетот за музичка уметност ќе организираат забава.

Студентите од прва година се ослободени од редовните обврски, а и останатите студенти можат да земат учество на планинарската тура.

Стартот на планинарската тура е со почеток во 10,00 часот од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), а учесниците треба да бидат присутни пред институтот во 9,30 часот.