Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Настани ITU Centre of Excellence elearning курс: „Wireless and Mobile Broadband Internet”

ITU Centre of Excellence elearning курс: „Wireless and Mobile Broadband Internet”

кога 18.11.2014. 00:00 до
15.12.2014. 23:55
Додај настан во календар вКал (vCal)
иКал (iCal)

MK_flag.png UK_flag.png

itu101.jpg

ITU Centre of Excellence elearning курс: „Wireless and Mobile Broadband Internet”, 18 ноември – 15 декември 2014 година

 

International Telecommunication Union (ITU) Centre of Excellence (CoE) на ФЕИТ во Скопје организира elearning курс на тема

„Wireless and Mobile Broadband Internet”

од 18 ноември до 15 декември 2014 година,

во рамките на ITU Centre of Excellence мрежата за регионот на Европа, при што истиот ќе се реализира преку ITU Академијата: http://academy.itu.int/moodle/.

Менаџер/Координатор на ITU Centre of Excellence на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје е проф. д-р Тони Јаневски (tonij@feit.ukim.edu.mk).

Овој курс ќе биде фокусиран на Wireless and Mobile Broadband Internet, вклучувајќи ги технологиите, регулаторните и бизнис аспектите. Притоа ќе бидат опфатени Интернет архитектурите, IPv4 и IPv6 фундаменталните технологии, мобилните аспекти на конвергенцијата кон all-IP мрежи, како и стандардизираните безжични broadband технологии WiFi (IEEE 802.11n, IEEE 802.11ac) и WiMAX (IEEE 802.16). Понатаму, курсот ќе ги опфати 4G мобилните технологии - LTE/LTE-Advanced и Mobile WiMAX 2, вклучувајќи го  Evolved Packet Core (EPC) и 4G радио пристапните технологии, ITU spectrum management за мобилен broadband, како и бизнис предизвиците и можностите за 4G broadband. Исто така, ќе бидат опфатени и IP Multimedia Subsystem (IMS), QoS-enabled мобилен VoIP и мобилен IPTV, мобилни Over-The-Top (OTT) сервиси за VoIP (Skype, Viber), видео сервиси (Youtube), и вон реално време OTT сервиси (social networking, cloud сервиси, апликациски екосистеми), локациски-базирани сервиси, како и регулаторните и бизнис аспектите. На крајот, курсот ќе го опфати развојот и клучните технологии за 5G како следна генерација на мобилен broadband, вклучувајќи ги HetNet архитектурите, Femto и малите клетки, мулти-RAN (Radio Access Networks) мобилните терминали, развојот кон персонален корисничко-ориентиран мобилен Интернет со Mobile Cloud Computing и идни мобилни broadband сервиси, како и бизнис и регулаторните аспекти за идниот мобилен broadband Интернет.

Курсот е наменет за менаџерите, инженерите и вработените во регулаторите, државната администрација, телекомуникациските оператори, ICT компаниите, како и од академската средина, кои се заинтересирани за разбирање, имплементација и регулирање на Wireless and Mobile Broadband Internet, во однос на технологиите, стандардизацијата, регулативата и содржините. Останатите фирми/компании и поединци кои се посветени на зголемување на нивниот капацитет во однос на Wireless and Mobile Broadband Internet се исто така добредојдени да учествуваат.

За добивање на формална покана за ITU CoE elearning курсот сите заинтересирани страни треба да го контактираат проф. д-р Тони Јаневски (tonij@feit.ukim.edu.mk), најдоцна до 17 ноември 2014 година.

ITU_Academy_logo.png