Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Настани ITU Centre of Excellence elearning курс: „NGN, Future Networks and Cloud Computing”

ITU Centre of Excellence elearning курс: „NGN, Future Networks and Cloud Computing”

кога 27.05.2014. 08:00 до
23.06.2014. 23:55
Додај настан во календар вКал (vCal)
иКал (iCal)

MK_flag.png UK_flag.png

itu101.jpg

ITU Centre of Excellence elearning курс: NGN, Future Networks and Cloud Computing”, 27 мај – 23 јуни 2014 година

 

International Telecommunication Union (ITU) Centre of Excellence (CoE) на ФЕИТ во Скопје организира elearning курс на тема

„NGN, Future Networks and Cloud Computing”

од 27 мај до 23 јуни 2014 година,

во рамките на ITU Centre of Excellence мрежата за регионот на Европа, при што истиот ќе се реализира преку ITU Академијата: http://academy.itu.int/moodle/.

Менаџер/Координатор на ITU Centre of Excellence на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје е проф. д-р Тони Јаневски (tonij@feit.ukim.edu.mk).

Овој курс ќе биде фокусиран на NGN, Future Networks and Cloud Computing, вклучувајќи ги технологиите, регулаторните и бизнис аспектите. Притоа ќе бидат опфатени стандардизацијата на NGN од страна на ITU, вклучувајќи го и фиксниот и мобилниот broadband како основа за NGN, како и NGN архитектурите. Понатаму, курсот ќе ги опфати NGN сервисите, како и QoS (Quality of Service) и IMS (IP Multimedia Subsystem) за NGN. Исто така, ќе бидат опфатени и VoIP (Voice over IP) и IPTV сервисите преку NGN, Internet of Everything (вклучувајќи Web of Things и Internet of Things), VPN (Virtual Private Networks) во NGN, IPv6-базиран NGN, миграциски сценарија од традициналните мрежи кон NGN, како и бизнис аспектите и регулативата за NGN. Понатаму, курсот ќе ги опфати Future Networks дефинирани од ITU, вклучувајќи мрежна виртуелизација, Software Defined Networking (SDN), и паметни сеприсутни мрежи. Исто така, ќе бидат опфатени аспектите на Big Data, моделите на OTT (Over The Top) сервис провајдерите (Skype, Viber, WhatsApp, Facebook, Twitter, YouTube) наспроти Telco сервисните модели, импактот на M2M во иднината, како и конвергенцијата на регулативата кон Future Networks. На крајот, курсот ќе го опфати и Cloud Computing, вклучувајќи ја ITU рамката, cloud екосистемите, архитектурите и моделите за cloud сервиси (Infrastructure as a Service - IaaS, Platform as a Service - PaaS, Software as a Service - SaaS), cloud сигурноста, OTT cloud сервисите, Telco cloud имплементациите, Mobile Cloud Computing (MCC) сервисите и апликациите, како и бизнис и регулаторните аспекти за Cloud Computing.

Курсот е наменет за менаџерите, инженерите и вработените во регулаторите, државната администрација, телекомуникациските оператори, ICT компаниите, како и од академската средина, кои се заинтересирани за разбирање, имплементација и регулирање на NGN, Future Networks и Cloud Computing, во однос на технологиите, стандардизацијата, регулативата и содржините. Останатите фирми / компании и поединци кои се посветени на зголемување на нивниот капацитет во однос на NGN, Future Networks и Cloud Computing се исто така добредојдени да учествуваат.

За добивање на формална покана за ITU CoE elearning курсот сите заинтересирани страни треба да го контактираат проф. д-р Тони Јаневски (tonij@feit.ukim.edu.mk), најдоцна до 26 мај 2014 година.

ITU_Academy_logo.png