Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Настани ITU Centre of Excellence elearning курс: „Next Generation Broadband Internet Access”

ITU Centre of Excellence elearning курс: „Next Generation Broadband Internet Access”

кога 26.05.2015. 08:00 до
22.06.2015. 18:00
Додај настан во календар вКал (vCal)
иКал (iCal)

MK_flag.png UK_flag.png

itu101.jpg

ITU Centre of Excellence elearning курс: „Next Generation Broadband Internet Access”, 26 мај – 22 јуни 2015 година

 

International Telecommunication Union (ITU) Centre of Excellence (CoE) на ФЕИТ во Скопје организира elearning курс на тема

„Next Generation Broadband Internet Access”

од 26 мај до 22 јуни 2015 година,

во рамките на ITU Centre of Excellence мрежата за регионот на Европа, при што истиот ќе се реализира преку ITU Академијата: http://academy.itu.int/moodle/.

Менаџер/Координатор на ITU Centre of Excellence на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје е проф. д-р Тони Јаневски (tonij@feit.ukim.edu.mk).

Овој курс ќе биде фокусиран на Next Generation Broadband Internet Access, вклучувајќи ги технологиите, регулаторните и бизнис аспектите. Притоа ќе бидат опфатени Интернет архитектурите, Интернет протоколите (IPv4, IPv6, TCP, UDP), Интернет сервисите (WWW, e-mail, BitTorrent, Skype, social networking, итн.), како и мрежната неутралност од аспект на Интернет регулативата. Понатаму, курсот ќе ги опфати broadband Интернет технологиите, вклучувајќи ја ITU работата на broadband, DSL пристапните мрежи, кабелските пристапни мрежи, пасивните оптички мрежи (GPON, BPON, EPON), унифициран локален broadband пристап преку Ethernet и WiFi, мобилен broadband Интернет пристап (HSPA, LTE, мобилен WiMAX), како и импактот на broadband врз бизнисот и развојот на глобално ниво. Исто така, ќе бидат опфатени и next generation broadband Internet access, вклучувајќи ги Next Generation PON (NG-PON and NG-PON 2), Active Optical Networks (AON) и WDM, Metro Ethernet за фиксен broadband пристап, како и next generation mobile broadband access (LTE-Advanced, развојот на 5G), заeдно со ITU препораките за регулирање на конвергираниот broadband свет. На крајот, курсот ќе го опфати развојот и клучните технологии за NGN и broadband Интернет сервисите, вклучувајќи ги NGN VoIP и IPTV, OTT Интернет broadband сервисите, Internet/Web of Things, бизнис сервисите преку broadband (VPN), како и регулаторните и бизнис аспектите за следната генерација broadband.

Курсот е наменет за менаџерите, инженерите и вработените во регулаторите, државната администрација, телекомуникациските оператори, ICT компаниите, како и од академската средина, кои се заинтересирани за разбирање, имплементација и регулирање на Next Generation Broadband Internet Access, во однос на технологиите, стандардизацијата, регулативата и содржините. Останатите фирми/компании и поединци кои се посветени на зголемување на нивниот капацитет во однос на Next Generation Broadband Internet Access се исто така добредојдени да учествуваат.

За добивање на формална покана за ITU CoE elearning курсот сите заинтересирани страни треба да го контактираат проф. д-р Тони Јаневски (tonij@feit.ukim.edu.mk), најдоцна до 25 мај 2015 година.

ITU_Academy_logo.png