Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Настани ITU Centre of Excellence elearning курс: „Giga Speed Wireless and Mobile Broadband Internet“, 21 ноември – 18 декември 2017

ITU Centre of Excellence elearning курс: „Giga Speed Wireless and Mobile Broadband Internet“, 21 ноември – 18 декември 2017

кога 21.11.2017. 00:00 до
18.12.2017. 23:55
Додај настан во календар вКал (vCal)
иКал (iCal)

copy_of_MK_flag.pngcopy_of_UK_flag.pngNGN.jpeg

ITU Centre of Excellence elearning курс: „Giga Speed Wireless and Mobile Broadband Internet

21 ноември – 18 декември 2017

International Telecommunication Union (ITU) Centre of Excellence (CoE) на ФЕИТ во Скопје организира elearning курс на тема „Giga Speed Wireless and Mobile Broadband Internet” од 21 ноември до 18 декември 2017 година, во рамките на ITU Centre of Excellence мрежата за регионот на Европа, при што истиот ќе се реализира преку ITU Академијата: https://academy.itu.int

Менаџер/Координатор на ITU Centre of Excellence на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје е проф. д-р Тони Јаневски (tonij@feit.ukim.edu.mk).

Овој курс ќе биде фокусиран на Giga Speed Wireless и Mobile Broadband Internet, вклучувајќи ги технологиите, регулаторните и бизнис аспектите. Притоа ќе бидат опфатени mobile broadband, вклучувајќи ги мобилните мрежи и нивната конвергенција кон Интернет, LTE стандардизацијата од 3GPP, LTE-Advanced, Evolved UTRAN (E-UTRAN), Evolved Packet Core (EPC), IP Multimedia Subsystem (IMS), LTE-Advanced Pro, ITU менаџмент на спектар како и бизнис и регулаторните аспекти на mobile broadband. Понатаму, курсот ќе ги опфати Giga Speed WiFi access, вклучувајќи ги стандардните WiFi стандарди и архитектури, Giga speed WiFi (IEEE 802.11ac), 60 GHz Gigabit WiFi (IEEE 802.11ad), WiFi за мобилен сообраќаен offload и hotspot архитектурите, како и бизнис аспектите и менаџментот на спектар за Giga Speed WiFi пристап. Исто така, ќе бидат опфатени 5G Giga speed мобилен broadband Интернет, вклучувајќи ги Internet of Things (IoT) во 5G архитектурите, 5G мобилни скелетни мрежи, Software Network Virtualization (SDN) за 5G, IPv6 во 5G мобилните мрежи, како и размислувањата за спектарот и бизнис аспектите за 5G mobile broadband. На крајот, курсот ќе ги опфати Giga speed mobile broadband Интернет сервисите, вклучувајќи ги VoIP преку LTE, целуларните IoT/M2M сервиси, мобилни Over-The-Top (OTT) data сервиси, ITU QoS за популарните мобилни сервиси, мобилните broadband Key Performance Indicators (KPIs) и нивните мерења, како и бизнис и регулаторните аспекти за Giga speed мобилни broadband сервиси.

Курсот е наменет за менаџерите, инженерите и вработените во регулаторите, државните администрации, телекомуникациските оператори, ICT компаниите, како и од академската средина, кои се заинтересирани за разбирање, имплементација и регулирање на Giga Speed Wireless and Mobile Broadband Internet, во однос на технологиите, стандардизацијата, регулативата и содржините. Останатите фирми/компании и поединци кои се посветени на зголемување на нивниот капацитет во однос на Giga Speed Wireless and Mobile Broadband Internet се исто така добредојдени да учествуваат.

За добивање на формална покана за ITU CoE elearning курсот сите заинтересирани страни треба да го контактираат проф. д-р Тони Јаневски (tonij@feit.ukim.edu.mk), најдоцна до 20 ноември 2017 година.

copy_of_ITU_Academy_logo.png