Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Настани ITU Centre of Excellence elearning курс: „ Mobile Broadband”, 17 ноември – 14 декември 2015 година

ITU Centre of Excellence elearning курс: „ Mobile Broadband”, 17 ноември – 14 декември 2015 година

кога 17.11.2015. 00:00 до
14.12.2015. 23:55
Додај настан во календар вКал (vCal)
иКал (iCal)

MK_flag.png UK_flag.png

itu101.jpg

ITU Centre of Excellence elearning курс: „ Mobile Broadband”

17 ноември – 14 декември 2015 година

 

International Telecommunication Union (ITU) Centre of Excellence (CoE) на ФЕИТ во Скопје организира elearning курс на тема „Mobile Broadband” од 17 ноември до 14 декември 2015 година, во рамките на ITU Centre of Excellence мрежата за регионот на Европа, при што истиот ќе се реализира преку ITU Академијата: https://academy.itu.int/

Менаџер/Координатор на ITU Centre of Excellence на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје е проф. д-р Тони Јаневски (tonij@feit.ukim.edu.mk).

Овој курс ќе биде фокусиран на Mobile Broadband, вклучувајќи ги технологиите, регулаторните и бизнис аспектите. Притоа ќе бидат опфатени 3GPP mobile broadband технологиите, вклучувајќи ги мобилните Интернет архитектури, IMT-Advanced од ITU, 3G и 4G mobile broadband (HSPA, LTE/LTE-Advanced), System Architecture Evolution (SAE) и Evolved Packet Core (EPC), QoS во 3GPP мобилни мрежи, IP Multimedia Subsystem (IMS), како и ITU spectrum management за IMT. Понатаму, курсот ќе ги опфати IEEE мобилните broadband технологии, кои ги вклучуваат broadband WiFi пристапот, Mobile WiMAX верзија 1 и 2, QoS решенијата во IEEE безжичните/мобилните мрежи, како и нивните бизнис и регулаторни аспекти. Исто така, ќе бидат опфатени и работата на ITU за mobile broadband, вклучувајќи ги Next Generation Networks (NGN), IPv6 mobile broadband, QoS за мобилните сервиси, сателитски паметни broadband решенија, потребата за радио спектар за mobile broadband пристап, како и регулаторните аспекти за mobile broadband и работата кон IMT-2020. На крајот, курсот ќе го опфати мобилните Интернет сервиси како што се VoIP преку LTE/LTE-Advanced, мобилниот WiMAX и WiFi, Mobile IPTV, eMBMS, стриминг, мобилни социјални мрежи, mobile cloud computing, локациски-базираните сервиси, Device-to-Device (D2D) преку mobile broadband, како и бизнис аспектите и регулаторните предизвици за mobile broadband Интернет сервиси.

Курсот е наменет за менаџерите, инженерите и вработените во регулаторите, државната администрација, телекомуникациските оператори, ICT компаниите, како и од академската средина, кои се заинтересирани за разбирање, имплементација и регулирање на Mobile Broadband, во однос на технологиите, стандардизацијата, регулативата и содржините. Останатите фирми/компании и поединци кои се посветени на зголемување на нивниот капацитет во однос на Mobile Broadband се исто така добредојдени да учествуваат.

За добивање на формална покана за ITU CoE elearning курсот сите заинтересирани страни треба да го контактираат проф. д-р Тони Јаневски (tonij@feit.ukim.edu.mk), најдоцна до 16 ноември 2015 година.

ITU_Academy_logo.png