Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Настани Ден на високото образование на Универзитетот „Св Кирил и Методиј“

Ден на високото образование на Универзитетот „Св Кирил и Методиј“

кога 11.04.2014.
од 10:00 до 17:00
Додај настан во календар вКал (vCal)
иКал (iCal)

 

Почитувани,

На 11.IV 2014 година (петок) се организира:

Отворен ден на Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ во Скопје - Запознајте го УКИМ

Централниот настан е предвиден да се одржи на платото пред Ректоратот, каде ќе бидат сместени штандовите на факултетите.

Посетителите ќе имаат можност непосредно, во разговор со наставниот кадар и студентите, да се запознаат со дејноста на најстарата високообразовна институција во нашата земја, како и со нејзината долга традиција, мисија и визија. Во изложбените простори се предвидени разновидни презентации на активностите и проектите на наставниците и студентите, како и изложба на богатата научна дејност на Универзитетот: монографии, учебници, преводи и научни списанија.

Покрај другите активности предвидени се многубројни наградни игри за посетителите, голема забава со концерт на студенти од Факултетот за музичка уметност во Скопје, Пеперминт и Бени и Нон-стоп на платото на Универзитетот со почеток од 10 ч.

Денот е наменет за средношколците од средните училишта во Р. Македонија, но и убава можност за сите оние кои сакаат да дознаат нешто повеќе за програмите на постдипломските и докторските студии на Универзитетот.

Се надеваме дека на сите посетители ќе можеме да им ја пренесеме нашата цврста верба во образованието како единствена основа за напредок и влез на секој млад човек во подобра иднина.

Вашето присуство на Отворениот ден - Запознајте го УКИМ за нас ќе претставува особена чест.

Ве очекуваме!

ikona_pdfПОКАНАikona_pdf

posterUKIM_OtvorenDen.png