Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Настани Бруцошка забава

Бруцошка забава

кога 02.10.2015. 21:00 до
03.10.2015. 06:00
Додај настан во календар вКал (vCal)
иКал (iCal)

bzabava15b.jpg

Дали сте спремни, во Петок, на 2ри Октомври од 20:30, да учествувате на досега најдобрата, најголема и најевтина Бруцошка Забава на ФЕИТ?

Сè уште не сте убедени дека ќе биде добро?

Па мора да знаете дека Фолтин, еден од најдобрите македонски бендови ќе бидат присутни за време на првата половина на Забавата.
И да, прочитавте правилно, настанот го делиме на два одделни делови кои се подеднакво добри!

За време на Бруцошка, ќе можете да се напиете “Скопско” точено за само 60 денари, или нешто пожестоко за само 50. Ќе можете и да каснете од одличната нова линија на чипсови од Чија чипс додека уживате во мраз ладна лименка пиво. А потоа следува и DJ Гоце САФ, каде ќе можете да скокате, и да го испотите испиеното пиво!
Да, Гоце е втората половина на овој традиционален настан, на кој се поканети СИТЕ бруцоши, а и СИТЕ оние кои сакаат повторно да го почуствуват духот на студентските години и на најдобрата Бруцошка забава!

Повеќе инфо на следниот линк:
https://www.facebook.com/events/887957824629663/