|
Цели на предметот:
| Цел на наставата по предметот е да ги развива интелектуалните способности на студентите, да ја развива смислата за истражување, да формира работни навики, логичко мислење, стрпливост, систематичност, прецизност, критичност и истрајност во работата. Студентите треба да ги стекнат основните математички знаења кои ќе им овозможат континуирано следење на натамошните специјализирани курсеви по математика, како и надградба во другите области на техничките науки. |
|
Оспособен за (компетентност):
| Студентите треба да стекнат определени математички знаења кои ќе им овозможат успешно следење и совладување на стручните предмети во кои се применуваат следните математички поими: неопределен и определен интеграл, екстреми, двојни, тројни, криволиниски и површински интеграли; |