Лични алати
Пријави се
Трага: Дома II Циклус Уписи Уписи 2015/2016 - II ЦИКЛУС СТУДИИ - Втор уписен рок

Уписи 2015/2016 - II ЦИКЛУС СТУДИИ - Втор уписен рок

КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ - МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ

-ВТОР УПИСЕН РОК-

 

Факултетот за електротехника и информациски технологии во учебната 2015/2016 година во вториот уписен рок запишува 199 студенти на втор циклус студии - магистерски студии на 19 едногодишни студиски програми.

Право на пријава во овој уписен рок имаат кандидатите соогласно законските одредби. Детални информации за кандидатите кои можат да се запишат, може да се добијат кај Продекан за настава на тел. 30 99 191 или e-mail: nastava@feit.ukim.edu.mk .

Студиски програми

Број на студенти

1. Обновливи извори на енергија (ОИЕ)

5

2. Електрични машини и автоматизација (ЕМА)

7

3. Електроенергетски системи (ЕЕС)

9

4. Електроенергетика (ЕЕ)

6

5. Проектен менаџмент (ПМ)

21

6. Автоматика, роботика и системско инженерство (АРСИ)

18

7. Наменски компјутерски системи (НКС)

9

8. Компјутерски мрежи–Интернет на нешта (КМ-ИНН)

8

9. Вградливи микрокомпјутерски системи (ВМС)

8

10. Дигитално процесирање на сигнали (ДПС)

8

11. Безжични и мобилни комуникации (БМК)

7

12. Комуникациски и информациски технологии (КИТ)

11

13. Применета математика и актуарство (ПМА)

9

14. Енергетска ефикасност, животна средина и одржлив развој (ЕСОР)

8

15. Метрологија и менаџмент на квалитет (ММК)

8

16. Микро и нано технологии (МНТ)

10

17. Регулатива во енергетика, електронски комуникации и сообраќај (РЕЕКС)

28

18. Енергетска електроника (ЕНЕЛ)

9

19. Мултимедиски технологии (МТ)

10

Цена на студирање

Цената на студиите од втор циклус на ФЕИТ за сите студиски програми изнесува 1.500 евра. (Се плаќа на две рати.)

Во вкупниот износ е вклучена и одбраната на магистерскиот труд.

Јазик на кој се изведува наставата

Наставата се изведува на македонски јазик, но може да се изведува и на англиски јазик доколку има запишани кандидати.

Право на конкурирање

Дипломирани инженери кои имаат освоено 240 кредити или завршиле додипломски студии по стара наставна програма на Факултетот за електротехника и информациски технологии или дипломирале на други факултети во земјата и странство, согласно условите утврдени во секоја студиска програма.

На дипломираните инженери по електротехника по старите наставни програми со девет семестри им се признаваат предмети од додипломските студии со соодветни еквивалентни предмети како изборни на втор циклус студии. Максималниот број на признаени кредити може да изнесува 18 ЕКТС (3 предмети).

Електронско пријавување

Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава.

Бројот што кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавниот лист што се поднесува при запишувањето.

Електронско пријавување на кандидатите во IKnow системот започнува од 11.1.2016 година

Рок за пријавување

11 јануари - 22 јануари, 2016 година

Пријавувањето на кандидатите за упис се врши во Службата за студентски прашања на ФЕИТ од 12:30 до 14:30 часот.

Документи за пријавување

  1. пријавен лист со ознака А2 за запишување (се купува од книжарница на ФЕИТ) со уплатница 50,00 ден. за административна такса;
  2. испечатен интерен и универзитетски пријавен лист (од www.upisi.ukim.mk);
  3. Изјава за користење на личните податоци (од www.upisi.ukim.mk);
  4. оригинал уверение за дипломиран и уверение за дипломиран со оценки;
  5. куса биографија (CV);
  6. оригинал потврда за знаење странски јазик;
  7. фотокопија од извод на родени;
  8. препораки од наставни или научни работници (доколку има такви);
  9. список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатите имаат);
  10. документи за евентуални награди, признанија и други документи.
Објавување листа на примени кандидати 25 јануари, 2016 година

Рок за запишување

27 и 28 јануари, 2016 година

Запишувањето на примените кандидати се врши во Службата за студентски прашања на ФЕИТ од 12:30 до 15 часот.

Документи за запишување

  1. Индекс и студентска легитимација (се добива бесплатно од Службата за студентски прашања на денот на уписот)
  2. Две фотографии со димензии 3,5×4,5 cm и една 2×3 cm
  3. Статистички образец ШВ 80А за запишување во учебната 2015/2016 год. (се подига од Службата за студентски прашања)
  4. Потврда за уплата на 750 евра (прва рата од 1500 евра) во денарска противвредност по средниот курс на НБРМ на сметката на ФЕИТ:
Назив на примачот: УКИМ-ФЕИТ Скопје
Банка на примачот (депонент): НБРМ
Tрезорска (трансакциска) сметка: 100000000063095
Трезорска подсметка (сметка на корисник): 160010428678814
Приходна шифра: 723019, програма 41
Назнака - за упис на магистерски студии на ФЕИТ


Електронско пријавување на предмети и избор на ментор

3-11 февруари, 2016 година

Ментор и предмети во зимскиот семестар се избираат електронски во системот IKnow. (ikona_pdfУпатствоikona_pdf)

Запишување на семестар

10-12 февруари, 2016 година во Службата за студентски прашања.

Документи за пријава на предмети и можен ментор:

  1. Образец со ознака А3 за запишување на семестар (предмети) со уплатница 50,00 ден. такса (се купува од книжарница на ФЕИТ)
  2. Една фотографија со димензии ~ 3,5×4,5 cm
  3. Печатен доказ од IKnow за запишани предмети и избран ментор
  4. Индекс

Дополнителни информации

Детални информации за условите за запишување, како и за структурата на пооделните студиски програми можат да се добијат на веб-страницата на ФЕИТ: http://www.feit.ukim.edu.mk/fakultet/studii/ii-tsiklus-maghistierski/novi-magistierski-studii-na-fieit

Контакт за информации

Продекан за настава: nastava@feit.ukim.edu.mk

Центар за нови студенти: cns@feit.ukim.edu.mk

Студиска програма

Раководители на наставно-научните колегиуми (ННК) на студиските програми

email

1. Обновливи извори на енергија (ОИЕ)

д-р Влатко Стоилков

stoilkov@feit.ukim.edu.mk

2. Електрични машини и автоматизација (ЕМА)

д-р Гога Цветковски

gogacvet@feit.ukim.edu.mk

3. Електроенергетски системи (ЕЕС)

д-р Мирко Тодоровски

mirko@feit.ukim.edu.mk

4. Електроенергетика (ЕЕ)

д-р Атанас Илиев

ailiev@feit.ukim.edu.mk

5. Проектен менаџмент (ПМ)

д-р Вангел Фуштиќ

vfustic@feit.ukim.edu.mk

6. Автоматика, роботика и системско инженерство (АРСИ)

д-р Елизабета Лазаревска

lazarevska_elizabeta@yahoo.com

7. Наменски компјутерски системи (НКС)

д-р Аристотел Тентов

toto@feit.ukim.edu.mk

8. Компјутерски мрежи–Интернет на нешта (КМ-ИНН)

д-р Марија Календар

marijaka@feit.ukim.edu.mk

9. Вградливи микрокомпјутерски системи (ВМС)

д-р Јосиф Ќосев

josif@feit.ukim.edu.mk

10. Дигитално процесирање на сигнали (ДПС)

д-р Димитар Ташковски

dtaskov@feit.ukim.edu.mk

11. Безжични и мобилни комуникации (БМК)

д-р Борислав Поповски

borop@feit.ukim.edu.mk

12. Комуникациски и информациски технологии (КИТ)

д-р Тони Јаневски

tonij@feit.ukim.edu.mk

13. Применета математика и актуарство (ПМА)

д-р Билјана Јолевска Тунеска

biljanaj@feit.ukim.edu.mk

14. Енергетска ефикасност, животна средина и одржлив развој (ЕСОР)

д-р Марија Кацарска

marija.kacarska@feit.ukim.edu.mk

15. Метрологија и менаџмент на квалитет (ММК)

д-р Владимир Димчев

vladim@feit.ukim.edu.mk

16. Микро и нано технологии (МНТ)

д-р Катерина Ралева

catherin@feit.ukim.edu.mk

17. Регулатива во енергетика, електронски комуникации и сообраќај (РЕЕКС)

д-р Весна Борозан

vesnab@feit.ukim.edu.mk

18. Енергетска електроника (ЕНЕЛ)

д-р Љупчо Караџинов

karadza@feit.ukim.edu.mk

19. Мултимедиски технологии (МТ)

д-р Зоран Ивановски

mars@feit.ukim.edu.mk

ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ

Студентски парламент за УКИМ
Веб:
http://spukm.org.mk
Адреса:
Ул. „М. Теодосие Гологанов“ бр. 28/13, 1000 Скопје

Контакт:
spukm.mk@gmail.com
02 / 3223 024
Студентски правобранител