Лични алати
Пријави се
Трага: Дома II Циклус Тековни соопштенија за студентите ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ за режимот на студирање за студентите на втор циклус студии

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ за режимот на студирање за студентите на втор циклус студии

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ

за режимот на студирање за студентите на втор циклус студии

запишани по ЕКТС од учебната 2008/2009 до 2012/13 година

 

Точка 1

Студентите запишани во учебната 2008/2009 година за да запишат зимски семестар во учебната 2013/14 година треба да ги подмират следните финансиски обврски:

  1. Студентите кои имаат пријавено магистерска работа и не магистрирале до 15 септември 2013 година, доколку планираат да магистрираат во оваа учебна година, треба повторно да пријават магистерска работа и да презапишат 20 ЕКТС кредити. Вредноста на 1 кредит изнесува 25 ЕУР во денарска противвредност,  за сите студиски програми.
  2. Студентите кои немаат пријавено магистерски работа и немаат уплатено за 60 кредити, при пријава на магистерски работа треба да ги доплатат заостанатите кредити (вредноста на 1 кредит е 1/60 од цената на студиската програма при запишувањето на студентот), како и да презапишат 20 ЕКТС кредити (вредноста на 1 кредит за сите студиски програми изнесува 25 ЕУР во денарска противвредност) Одлука бр. 02-1744/50 од 27.6.2012 г. Овие студенти од учебната во учебната 2010/2011 плаќаа по 2.000 денари  а од учебната 2011.2012 по 3.000 ден. во зимскиот семестар за секоја учебна година (административен трошок за непријавена магистерски работа по изминат двоен период од едногодишните студии). (Одлуки бр. 0203275/41 од 24.11,2010 и 02-3077/14 од 30.9.2011 г.)
  3. Студентите кои немаат положено предмети ги запишуваат предметите во семестарот кога ќе ги полаагат и при тоа го уплаќаат соодветниот број на ЕКТС кредити по предмет. Вредноста на 1 кредит за сите студиски програми изнесува 25 ЕУР во денарска противвредност.

Точка 2

Студентите запишани во учебната 2009/2010 година треба да магистрираат заклучно со 15 септември 2014/15 година (Одлука бр. 02-988/29 од 24.4.2013). Ако до овој рок не магистрираат потребно е да запишат зимски семестар во учебната 2014/15 година при што ги подмируваат следните финансиски обврски:

  1. Студентите кои имаат пријавено магистерска работа, треба повторно да ја пријават  магистерска работа и да презапишат 20 ЕКТС кредити (доколку планираат да магис­трираат во таа учебна година). Вредноста на 1 кредит изнесува 25 ЕУР во денарска противвредност за сите студиски програми.
  2. Студентите кои немаат пријавено магистерска работа, доколку планираат да магистрираат во учебната 2014/2015 треба да презапишат 20 ЕКТС кредити  при пријава на магистерска тема. Овие студенти од учебната 2011/2012 плаќаат 3000 денари за секоја учебна година (административен трошок за непријавена магистерски работа по изминат двоен период од едногодишните студии).
  3. Студентите кои немаат полжено предмети ги запишуваат предметите во семестарот кога ќе ги полаагат и при тоа го уплаќаат соодветниот број на ЕКТС кредити по предмет. Вредноста на 1 кредит за сите студиски програми изнесува 25 ЕУР во денарска противвредност.

Точка 3

Студентите запишани во учебната 2010/2011 година треба да магистрираат заклучно со 15 септември 2015/16 година. Во спротвно, за да запишат зимски семестар во учебната 2015/2016 година важат правилата од Точка 2. Овие студенти од учебната 2012/2013 плаќаат по 3.000 денари за секоја учебна година (административен трошок за непријавена магистерски работа по изминат двоен период од едногодишните студии).

Точка 4

Студентите запишани во учебната 2011/2012 година треба да магистрираат заклучно со 15 септември 2016/2017 година. Во спротвно, за да запишат зимски семестар во учебанта 2016/2017 година важат правилата од Точка 2. Овие студенти од учебната 2013/2014 плаќаат по 3.000 денари за секоја учебна година (административен трошок за непријавена магистерски работа по изминат двоен период од едногодишните студии).

Точка 5

Студентите запишани во учебната 2012/2013 година треба да магистрираат заклучно со 15 септември 2017/2018 година. Во спротвно, за да запишат зимски семестар во учебанта 2017/2018 година важат правилата од Точка 2. Овие студенти од учебната 2014/2015 плаќаат по 3.000 денари за секоја учебна година (административен трошок за непријавена магистерски работа по изминат двоен период од едногодишните студии).

Точка 6

Студентите ги запишуваат сите семестри во текот на студирањето.

За задоцнет упис или заверка на семестар се плаќаат по 500 денари административен трошок на сметката на ФЕИТ.

При запишување на семестар без предмети (празен семестар) по изминати две години на студии се уплаќаат 500 денари административен трошок на сметката на ФЕИТ. Овој семестар не се заверува.

Точка 7

Студентите кои до сега ги немаат положено сите предмети и немаат пријавено магистерска работа можат да се продолжат да студитаат на соодветните нови студиски програми од учебната 2013/14 година со префрлање. Положените предмети ќе се еквивалентираат со соодветни предмети од новите студиски програми.

Овие студенти ќе бидат ослободени од повторното плаќање на 20 ЕКТС кредити за магистерската тема, како и бројот на усвоени ЕКТС кредити од положените предмети. Вредноста на 1 кредит изнесува 25 ЕУР во денарска противвредност за сите студиски програми.

Продекан за настава

Проф. д-р Христина Спасевска

ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ

Студентски парламент за УКИМ
Веб:
http://spukm.org.mk
Адреса:
Ул. „М. Теодосие Гологанов“ бр. 28/13, 1000 Скопје

Контакт:
spukm.mk@gmail.com
02 / 3223 024
Студентски правобранител