Лични алати
Пријави се
Трага: Дома II Циклус Тековни соопштенија за студентите СООПШТЕНИЕ-Заверка на зимски и запишување летен семестар 2013/2014 - магистерски студии (генерациjа 2012/13)

СООПШТЕНИЕ-Заверка на зимски и запишување летен семестар 2013/2014 - магистерски студии (генерациjа 2012/13)

СООПШТЕНИЕ

Заверка на зимски и запишување летен семестар 2013/2014

ВТОР циклус - магистерски студии

(генерациjа 2012/13)

 

Доставувањето на комплетните документи за заверка на зимскиот и запишувањето на летниот семес­тар во учебната 2013/2014 го­дина ќе се врши на шалтерите од Службата за студентски прашања од 12:30 до 15:00 часот, во периодот

од 27.II до 05.III 2014 година


Потребни документи:

  • ИНДЕКС
  • ЗАВЕРКА:(за студенти кои запишале предмети слушани во зимскиот семестар):
    1. Реализиран потпис за предметите што се слушани во зимскиот семестар
    2. Образец за заверување семестар А4 пополнет со предметите што се слушале во зимскиот семестар со уплатница за административна такса од 50,00 денари.

  • ЗАПИШУВАЊЕ на летен семестар:
    1. Образец за запишување семестар А3 со уплатница за административна такса од 50,00 ден.
    2. Интерен пријавен лист
    3. http://www.feit.ukim.edu.mk/fajlovi_pocetna/3.i4.List_za_zapisuvanje_napredmeti_na_magisterski_studii.doc

        за студенти кои запишуваат/презапишуваат предмет (односно заклучно со јануарско/февруар­скиот испитен рок не ги положиле предметите што ги слушаа во летниот семестар од учебната 2012/13 година)

      • соодветна Уплатница (уплатата е во вредност на кредитите што ги носат предметите кои се преслушуваат според студиската програма

        цена на чинење на 1кредит = 1/60 од вредноста на студиската програма)

      Дополнително (за студентите од генерацијата 2012 втор рок):

      1. Уплатница за целосно реализирани финансиски обврски (последна рата)

     

НАПОМЕНИ:

  1. Празен семестар НЕ се заверува.
  2. За задоцнета заверка и упис на семестар студентите плаќаат по 500,00 денари административен трошок на факултетската жиро с-ка.
  3. Уплатите за административните такси може да се извршат на една уплатница од 100,00 денари.

 

Скопје, 10.II.2014 година

Студентска служба при ФЕИТ

ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ

Студентски парламент за УКИМ
Веб:
http://spukm.org.mk
Адреса:
Ул. „М. Теодосие Гологанов“ бр. 28/13, 1000 Скопје

Контакт:
spukm.mk@gmail.com
02 / 3223 024
Студентски правобранител