Лични алати
Пријави се
Трага: Дома II Циклус Тековни соопштенија за студентите СООПШТЕНИЕ за запишување зимски семестар во учебната 2015/2016 година (за студенти од генерација 2014/15)

СООПШТЕНИЕ за запишување зимски семестар во учебната 2015/2016 година (за студенти од генерација 2014/15)

Објавено 28.09.2015

СООПШТЕНИЕ

Запишување зимски семестар 2015/2016

ВТОР циклус - магистерски студии - генерација 2014/15

 

Доставување на комплетните документи за запишување на зимскиот семес­тар во учебната 2015/2016 година ќе се врши на шалтерите од Службата за студентски прашања од 12:30 до 14:30 часот, во периодот

од 13.X до 15.X 2015 година

 

Online пријавувањето е задолжително. Во овој рок е отворено и задолжителното online пријавување кое се врши преку информацискиот систем на www.iKnow.ukim.mk

По овој рок online пријавувањето ќе биде оневозможено и студентите заверката и уписот на семестарот ќе можат да го извршат со молба и надомест за административни трошоци од 500,00 ден.

 

НАПОМЕНА: Студентите кои електронски ќе се пријават, а нема да достават комплетни документи во Службата за студентски прашања ќе бидат избришани и од електронската евиденција и уписот ќе можат да го извршат со молба и надомест од 500,00 ден.

 

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Потребни документи:

  1. Индекс
  2. Образец за запишување семестар А3, со уплатница за административна такса од 50,00 денари (Уплатата за административна такса може да се реализира со уплатница или со СМС порака преку мобилен телефон, при што бројот добиен од СМС уплатата, студентот задолжително сам го внесува во iKnow системот.)
  3. Студенти кои презапишуваат предмет/и (односно заклучно со август/септем. испитен рок не ги положиле предметите од зимскиот семестар):

    Интерен пријавен лист за запишување предмети (испечатен од веќе направениот online избор).

    Уплатница на ФЕИТ (во вредност на кредитите што ги носат предметите 1кредит = 25ЕУР среден курс на НБМ)

  4. Студенти кои не преслушуваат предмети запишуваат празен семестар.
  5. Уплатници со реализирана уплата на последна рата на жиро-сметка на Факултетот.

 

Дополнителни информации

Крајниот рок за пријавување на тема за магистерски труд е  јануари 2016 г. (изминати 3 семестри на студии). По овој рок се доплаќаат 500 ЕУР при пријавување на тема. Услов за пријавување на магистерската тема се освоени 18 ЕКТС кредити.

НАПОМЕНИ:

1. За задоцнета заверка и упис на семестар студентите плаќаат по 500,00 денари административен трошок на факултетската жиро с-ка.

Скопје, 28.IX.2015 година

Студентска служба при ФЕИТ

ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ

Студентски парламент за УКИМ
Веб:
http://spukm.org.mk
Адреса:
Ул. „М. Теодосие Гологанов“ бр. 28/13, 1000 Скопје

Контакт:
spukm.mk@gmail.com
02 / 3223 024
Студентски правобранител