Лични алати
Пријави се
Трага: Дома II Циклус Тековни соопштенија за студентите Соопштение за најава на порталот за е-курсеви

Соопштение за најава на порталот за е-курсеви

Објавено 26.11.2014

e-kursevi.jpg

Почитувани колеги,

Ве известуваме дека за новите студенти на ФЕИТ запишани на II циклус студии, креирани се кориснички имиња и лозинки за најава на порталот за е-учење:

http://e-kursevi.feit.ukim.edu.mk.

Корисничко име за најава на порталот е вашиот број на индекс (на пр. 23/2014m, 47/2014m ...), а иницијална лозинка е вашиот матичен број. После првото најавување должни сте да ја промените иницијалната лозинка за да продолжите со користење на порталот.

Оние студенти што ги користеле порталот додека биле на додипломски стидии на ФЕИТ можат да се најават со старото корисничко име и лозинка.

Дополнителни информации за користење на порталот ќе добиете од вашите наставници/асистенти.