Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми II циклус (магистерски) НОВИ МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ НА ФЕИТ

II циклус (нови магистерски студии)

MK_flag.png UK_flag.png

Факултетот за електротехника и информациски технологии акредитира 21 нова едногодишна студиска програма на втор циклус студии, дизајнирани во согласност со Болоњскиот процес.

Современиот начин на студирање по ЕКТС на студентите им дава можност за избор на дисциплини од повеќе различни области и профилирање на своето образование според сопствените желби и афинитети. Изборот и комбинирањето на различните дисциплини на студентите им овозможува да се стекнат со знаења и вештини кои ќе им помогнат поедноставно да се подготват за пазарот на трудот, но и да започнат успешна научно-истражувачка кариера.

Студиите се ориентирани кон дејностите на компаниите во Република Македонија и пошироко, така што инженерите кои се веќе вработени можат да стекнат нови знаења и при тоа својата магистерска работа да ја изработат на тема поврзана со нивните работни задачи. Со ваквиот начин на соработка, компаниите имаат реална корист, бидејќи се овозможува решавање на директни производни проблеми, како и подобрување на постоечките и воведување на иновативни решенија.

Основни податоци за студиските програми

Траење на студиската програма

Една година / два семестри

ЕКТС кредити со кои се стекнува студентот

60 ЕКТС кредити

Услов за запишување

Дипломирани инженери кои имаат усвоено 240 кредити или завршиле додипломски студии по стара наставна програма* на Факултетот за електротехника и информациски технологии или дипломирале на други факултети во земјата и странство, согласно условите поставени во секоја студиска програма.

Финансирање

Финансирањето на студиите се одвива според законските прописи за студирање на државен универзитет, статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, како и одлуките во конкурсот за упис.

Продолжување на образованието

По завршувањето на овие студии, студентите можат да го продолжат своето образование на трет циклус циклус студии – докторски студии.

*) На дипломираните инженери по електротехника по старите студиски програми со девет семестри се признаваат предмети од додипломските студии со соодветни еквивалентни предмети како изборни на втор циклус студии. Максималниот број на признаени кредити може да изнесува 18 ЕКТС (3 предмети).

Структура на студиските програми

IX СЕМЕСТАР

Вкупно предмети

Неделен фонд на часови

Кредити по предмет

Вкупно кредити

Задолжителни предмети и изборни предмети** од предложената листа на студската програма

5

3+0+0+3

6

30

X СЕМЕСТАР

Истражувачки проект

1

0+0+0+6

6

30

Универзитетски изборен предмет***

1

2+0+0+2

4

Магистерска работа

0+0+0+20

20

**) Студентите на ФЕИТ може да избираат по 1 изборен предмет од било која студиска програма од втор циклус на студии на ФЕИТ.

***) Се препорачува студентите да избираат предмети од Универзитетската листа од областа на претприемништво и иновации. Препорачани изборни предмети од Универзитетската листа од областа на претприемништво и иновации.

Студиски програми

1. Обновливи извори на енергија (ОИЕ)

2. Електрични машини и автоматизација (ЕМА)

3. Електроенергетски системи (ЕЕС)

4. Електроенергетика (ЕЕ)

5. Проектен менаџмент (ПМ)

6. Автоматика, роботика и системско инженерство (АРСИ)

7. Наменски компјутерски системи (НКС)

8. Компјутерски мрежи – Интернет на нешта (КМ-ИНН)

9. Вградливи микрокомпјутерски системи (ВМС)

10. Дигитално процесирање на сигнали (ДПС)

11. Безжични и мобилни комуникации (БМК)

12. Комуникациски и информациски технологии (КИТ)

13. Применета математика и актуарство (ПМА)

14. Енергетска ефикасност, животна средина и одржлив развој (ЕСОР)

15. Метрологија и менаџмент на квалитет (ММК)

16. Микро и нано технологии (МНТ)

17. Регулатива во енергетика, електронски комуникации и сообраќај (РЕЕКС)

18. Енергетска електроника (ЕНЕЛ)

19. Мултимедиски технологии (МТ)

20. Wireless and Mobile Comunications (WMC) (на англиски јазик)

21. Energy Efficiency, Environment and Sustainable Development (EESD) (на англиски јазик)