Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Центар за кариера Соопштенија од Центарот за кариера Tрибина на тема “Искуства со реализираната практична работа”

Tрибина на тема “Искуства со реализираната практична работа”

кога 21.11.2014.
од 12:00 до 13:55
Додај настан во календар вКал (vCal)
иКал (iCal)

 

 

 

 


Центарот за кариера при ФЕИТ ги повикува студентите на трибина на тема:

“Искуства со реализираната практична работа”.

 

Целта на трибината е да се чујат искуствата на студентите од реализираната практична работа во македонските и странските компании. На трибината ќе се разговара на повеќе теми, меѓу кои: дали лесно се наоѓа компанија за реализација на праксата, дали реализираната пракса ги исполнила нивните очекувања, каква е улогата на Центарот за кариера, предлози за подобрување на ефикасноста на Центарот за кариера.

На трибината ќе учествуваат советниците од  Центарот за кариера при ФЕИТ (за практична настава, за нови студенти, за меѓународна студентска мобилност, за алумни) кои на почетокот на трибината накусо ќе ја презентираат дејноста на Центарот.

Трибината ќе се одржи на 21.11.2014 (петок) во 12 часот во просторија А1/1 во Анексот на ФЕИТ.