Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми II циклус (магистерски) НОВИ МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ НА ФЕИТ Препорачани изборни предмети од Универзитетската листа Применети механизми за поддршка на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност

Применети механизми за поддршка на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност

Предмет: Применети механизми за поддршка на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност

Код: ФЕИТ203

Број на ЕКТС кредити: 4 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 2+0+0+2

Наставник: проф. д-р Весна Борозан

Содржина на предметната програма:

Трет пакет за енергетика на ЕУ и политика на Енергетската заедница: Цели – „20-20-20 до 2020“, Директиви за промоција на ОИЕ, Директиви за промоција на ЕнЕ, Обврски на Република Македонија како страна во Договорот за Енергетска заедница, Стратегии и акциони планови за унапредување на ОИЕ и ЕнЕ во Република Македонија.

Механизми за поддршка на ОИЕ: Инвестициони субвенции; Даночни олеснувања; (Фиксни) повластени тарифи; Фиксна премија; Акционерски програми; Програми за учество; Зелени тарифи; Тендерски систем; Систем за тргување на зелени сертификати; Еколошки даноци; Доброволни договори.

Примена и резултати од примената на механизмите за поддршка на ОИЕ: Примена и искуства од примената во ЕУ, Југоисточна Европа и Република Македонија.

Механизми за поддршка на ЕнЕ: Еколошки даноци; Даночни олеснувања; Наменски фондови со префрлање на трошоците на крајните потрошувачи преку снабдувачите со енергија; Наменски фондови со префрлање на трошоците на крајните потрошувачи преку пазарот на големо; Инвестициони субвенции; Бели тарифи; Повластени кредити; Систем за тргување на Кјото единици; Фискални стимулации од државниот буџет.

Примена и резултати од примената на механизмите за поддршка на ЕнЕ: Примена и искуства од примената во ЕУ, Југоисточна Европа и Република Македонија.

Литература:

  1. A. Piebalgs, Europe’s New Energy Policy, Claeys & Casteels, Belgium, 2009
  2. D. Buschle, H. Lesjak (Eds.), The Energy Community Legal Framework  2010, Energy Community Secretariat, 2010
  3. C. W. Jones (Ed.), EU Energy Law – Volume 1, The Third Internal Energy Market, The Third Liberalisation Package, Claeys & Casteels, Belgium, 2010
  4. IEA, Energy Efficiency GovernanceOECD/IEA, 2010
  5. CEER, Status Review of Renewable and Energy Efficiency Support Schemes in Europe,CEER, Ref: C12-SDE-33-03 2012
  6. Предавања, презентации, студии, извештаи на стручни работни тела, законски и подзаконски акти и други материјали